„Времето кое го поминуваме со децата е најважно“, напиша на својот фб профил министерот за здравство Венко Филипче кој објави и фотографии со премиерот Зоран Заев и нивните синови Душко и Иво.
„Времето кое го поминуваме со децата е најважно. Работните обврски си го прават своето, но секогаш се трудиме и наоѓаме време за нашите синови Иво и Душко.
Денеска денот е за дружење со децата.
Бесценети мигови со нив, на убавата Беласица“, стои во објавата на фб кај Филипче.