„Тажна е сликата денеска, по пожарот кој ноќеска пред полноќ, избувна во трговскиот центар „Глобал“. Изгорени се повеќе трговски објекти и внатрешниот дел во којшто се наоѓаат продавници и тезги. Пожарот е изгаснат, но сеуште под контрола на пожарникарите за да не се појават нови жаришта. За среќа жртви и повредени нема, но причинета е голема материјална штета.
Голема благодарност до нашите пожарникари од Струмица и нивните колеги од Кавадарци, Радовиш, Штип и Валандово, како и за вработените во ЈПКД „Комуналец“, за несебичната пожртвуваност и надчовечките напори коишто ги покажаа во гаснењето на пожарот.
Сочувствувам со сопствениците на опожарените објекти за големата претрпена материјална штета. Општина Струмица во рамките на своите можности ќе направи се да им помогне во санирањето на штетите“ напиша на својот фб профил градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.