„Нека Ни е Среќна Новата 2021година, која ја започнав со работа на кардиолошкото одделение, со една од најсложените кардиолошки интервенции, “DK crush” техника на стентирање.
Пациентот во стабилна и добра општа состојба, хоспитализиран на кардиолошкото одделение.“ напиша на својот фб профил Николов.
Николов и додека беше пратеник и во текот на изборната кампања, но и откако стана градоначалник на Штип продолжи со волонтирање во кардиолошкото одделение.