Денес премиерот Зоран Заев, беше на увид на местото на пожарот во Струмица со цел заедно со градоначалникот на Општина Струмица и останатите чинители да испратат пораки за помош и солидарност.
„Струмица ја затекна серизона катастрофа и несреќа преку пожар , материјалните штети се огромни, нанесени се непоправливи еконосмки штети за деловни субјекти кои живеат и работат овде , ја вадат својата егзистенција, но доброто е што нема повредени и нема изгубено човечки живот. Тоа е најважно, сето друго се надоместува.“ изјави Заев од местото на настанот.
Заев пред се изрази и благодарност на противпожарните единици од Струмица кои со 6 возила и 38 луѓе го изгасија пожарот. Помош имало и од противпожарните единици на Валандово,Радовиш, Штип и Кавдарци кои заедно се справиле со пожарот.
„Сите луѓе кои го изгубија сето тоа што го создале во текот на својот живот сакам да знаат дека, пред се доаѓаат божиќните празници, празниците на помагање и солидарност и дека уште утре ќе организираме масовно солидарна акција и за расчистување и за возобнобување на Глобал и за финансиско помагање со сите можни аспекти кои ни стојат на располагање, пред се како држава и како влада, секако и како Општина, а после тоа и како граѓани. Знам дека многу брзо ќе го вратиме животот овде во „Глобал“ и на сите граѓани на кои им се уништиле своите имоти, ќе им ги вратиме во првобитната состојба , солидарноста на дело ќе ја покажеме и наша македонска и наша струмичка. Нова година почна тешко за Струмица, но некогаш господ ни дава ваква можност да ја покажеме на дело нашата солидарност, да си подадеме рака. “ истакна Заев.