ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вечерен преглед: Kaпацитет за организирање на попис има, Премиерот Заев ќе се вакцинира како пример, Бројот на новозаразени се намалува

January 4, 2021 21:01
in ON THE HOUR, ZOOM IN
Share on FacebookShare on Twitter

„Ние имаме капацитет за организирање на оваа сложена операција, го проверивме на избори, парламентарни и локални во Штип и Пласница, кои се одржаа. Самата операција е полесна од делот на операцијата за избори. Тука го нема кампањирањето, а со тоа е намален и човечкиот контакт. Анкетарите се обучуваат, протоколите постојат, целата операција е безбедна и организирана според стандардите на Евростат“, рече Заев во врска со анкетирањето, кое ќе треба да се спроведе, можеби и во ковид услови.

Премиерот Заев истакна дека намерата не е да се укинат предмети, туку да се отвори дебата во јавноста, со родителите, со стручната јавност за да се дојде до поквалитетен и интегриран систем, пред сè во корист на децата, бидејќи образованието постои за нив.

 

Премиерот Заев за најавите и точните бројки на вакцини кои ќе пристигнат од европските земји и нашите соседи, како  Австрија, Полска, Бугарија, Грција, рече дека и тие добиле десет пати помали количини од најавените вакцини и изрази надеж дека динамиката на продукција и испорака на вакцини во следниот период ќе биде посоодветна од претходно најавената.

 

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 761 тестирања, а регистрирани се 106 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-72, Куманово-4,  Штип-2, Прилеп-5, Тетово-3, Битола-1, Кавадарци-4, Гостивар-6, Струмица-5, Радовиш-1, Кочани-1, Берово-1, Ресен-1.

 

Првите 5850 дози вакцини од „Фајзер“ ќе ги има во февруари, во март треба да стигнат уште 17 550 и  најмалку уште толку во април. Се чека датум кога  ќе стигнат и 833-те илјади дози преку Ковакс-механизмот, а покрај Бугарија, Полска и Грција, и Австрија е подготвена да одвои за нашата земја од вакцините набавени за нејзините граѓани, преку третиот – солидарен механизам на земјите од ЕУ кои отстапуваат вакцини за земјите кои се надвор од Унијата.

Next Post

Заев: Не давам оставка и нема причина за предвремени избори

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk