ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Ќе се гради нов експресен пат од Струмица преку Валандово до автопат на Коридор 10 кај Смоквица

January 5, 2021 13:08
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во финална фаза е проектот за нов експресниот пат  од Струмица-преку Валандово до автопатот на Коридор 10  кај Смоквица. Се очекува проектирањето да биде завршено на почетокот на следниот месец со што ќе се знае конечната цена на чинење и ќе се влезе во фаза  за обезбедување финансии за наскоро да се почне со реализација, информира министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при денешната посета на Валандово.

Се работи целосно нова траса што се проектира во четири фази. Според Бочварски, експресниот пат е приоритет за регионот, со оглед на, како што рече, лошата состојба на инфраструктурата во тој дел од државата.

– Тоа ќе го надминеме со изградбата на овој експресен пат, а имаме и други проекти кои се значајни. Важно е да ги добиваме клучните барања од градоначалниците за подобрување на состојбите, истакна Бочварски.

Тој соопшти дека е завршена првата тендерска постапка за проектот од Светска банка во вредност од 70 милиони евра. Со него треба да се подобри инфраструктурата во општините. Интензивни активности се очекуваат напролет.

– Проектот  од СБ кој го имаме во Министерството за транспорт и врски веќе влегува во реализација, првата тендерска постапка е завршена и напролет  ќе имаме силни градежни активности во општините. Преку овој проект во вредност од 70 милиони евра директно вбризгуваме средства кон општините и за потребите на граѓаните. Им помагаме на општините и за нивните приоритети и убеден сум дека така и ќе продолжиме, изјави Бочварски при посетата на населеното место Чалакли, каде ќе се гради улица преку проектот од Светската банка.

Од пакетот проекти преку Светската Банка, Општина Валандово има три, а работи и на четвртиот. Во тек е тендерска постапка за изградба на улица во Чалакли, кое, како што потенцира градоначалникот Перо Костадинов, е домаќин на меѓународниот фестивал „Пролетни веселби“, кој е дел од културното нематеријално наследство заштитено од УНЕСКО.

Според Костадинов, со реализација на овие проекти се испраќа порака  дека треба да се овозможи безбедна и модерна инфраструктура на сите граѓани.

– Почнувајќи со изградба на капитални проекти веќе неколку години наназад покажуваме дека сите заедно треба да се грижиме за сите населени места, меѓу кои и за тие во кои живее население од турска националност. Со години наназад овие населени места не само во Валандово, туку низ целата држава беа заборавени и затоа со ова испраќаме порака дека во 21.ви век  никој не смее да биде заборавен и оти сите заедно треба да овозможиме инфраструктурата за секој граѓанин да биде безбедна и модерна, рече градоначалникот Костадинов.

 

/МИА/
Next Post

Петти пакет економски мерки во февруари, најави Заев

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk