ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Доналд Трамп е суспендиран од социјалните мрежи откако ги поддржуваше демонстрантите кои го нападнаа американскиот Капитол

January 7, 2021 11:07
in ДЕНЕС, СВЕТ, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во пораката на социјалните мрежи до демонстрантите претседателот на заминување Доналд Трамп изразува голема поддршка, наместо да им каже да си одат дома, и исто така пишува лажни тврдења за наводните изборни измами.

Твитер соопшти дека е потребно отстранување на твитовите за „сериозно кршење на нивната политика за граѓански интегритет“. Компанијата соопшти дека профилот на претседателот ќе остане засекогаш заклучена доколку твитовите не бидат отстранети. Твитер продолжи со зборовите дека „Идните прекршувања на Правилата на Твитер… ќе резултираат со трајно суспендирање на сметката ,,@realDonaldTrump“.

-И покрај тоа што не се согласувам целосно со исходот на изборите, а фактите се на моја страна, сепак ќе има уредна транзиција на 20 јануари, рече господинот Трамп. Отсекогаш сум велел дека ќе ја продолжиме нашата борба за да обезбедиме пребројување на законските гласови. Иако ова претставува крај на најголемиот прв мандат во историјата на претседателството, тоа е само почеток на нашата борба да ја направиме Америка повторно голема, додаде Трамп.

Фејсбук и Инстаграм му забранија на Трамп активност од  24 часа.

Снепчет, исто така, го спречи г-дин Трамп да креира нови објави, но не кажа дали или кога ќе стави крај на забраната. Од Фејсбук се огласија дека го отстрануваат зошто веруваат дека допридонесува, отколку да го намалува ризикот од постојано насилство.

Неговите приврзаници упаднаа во седиштето на американската влада и се судрија со полицијата, што доведе до смрт на една жена. Насилството ја запре конгресната дебата за победата на демократот Џо Бајден на изборите.

Пред да се случи насилството, претседателот Трамп им рече на приврзаниците дека изборите биле украдени. Неколку часа подоцна, додека насилството се засили внатре и надвор од Капитол во САД, тој се појави на видео и го повтори лажното тврдење. Тој им порача на демонстрантите дека ги сака и ги поддржува, и ги опиша луѓето кои упаднаа во комплексот Капитол како „патриоти“. Јутјуб го отстрани видеото и соопшти дека ги нарушувало политиките за ширење изборни измами. Твитер првично не го симна видеото, но ја отстрани можноста за ретвит, лајк и коментар за тоа. Сепак, подоцна го отстрани и го суспендираше претседателот во заминување.

Твитер рече: „Ние значително ги ограничивме твитовите што спаѓаат во Политика за граѓански интегритет, поради ризик од насилство“. Фејсбук за Би-Би-Си изјави: “Насилните протести во Капитол денес се срамота. Ние забрануваме секакво поттикнување и повици за насилство на нашата платформа. Активно ја разгледуваме и отстрануваме секоја содржина што ги крши овие правила”.

Фејсбук исто така соопшти дека во моментов бара, и ја отстранува секоја содржина што поттикнува или ја поддржува бурата во Капитол. Јутјуб веќе имаше политика да ги отстрани лажните вести за масовни изборни измами, кои ги примени на претседателот.

Маршот беше делумно организиран онлајн, вклучително и на групи и страници на Фејсбук. Најверојатно новоизбраниот претседател Џо Бајден ќе се обиде да ги разбие теориите на заговор и екстремизмот на социјалните мрежи кога ќе ја преземе функцијата.

 

М.М.
Next Post

Меркел: Трамп e виновник за насилствата, бидејќи не го призна поразот

Shortcut

Најново

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради посетата на Албин Курти

August 25, 2026

Филипче обвинува дека власта ја третира државата како плен, Мицкоски возвраќа дека тој е „кукла“ на криминалци

August 25, 2026

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

August 24, 2026

Јубилејна проекција на филмот „Џган“ на Вардан Тозија во летното кино на Синеплекс

August 24, 2026

Славјанка Петровска на Молитвен појадок во Кијив, врачен орденот „Принцеза Олга“

August 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk