ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Твитер трајно го блокира налогот на Трамп

January 9, 2021 09:03
in МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, СВЕТ, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Социјалната мрежа Твитер синоќа соопшти дека итно и засекогаш го блокира Твитер налогот на претседателот на САД, Доналд Трамп. 

Компанијата смета дека актуелниот претседател ги нарушил политиките на социјалната мрежа против величење на насилството и дека постои ризик тоа да се повтори. Според неа, одлуката да се блокира налогот е донесена поради „ужасните настани оваа недела“. 

-После внимателна проверка на последните твитови од @realDonaldTrump, и контекстот околу нив, посебно како тие беа прифатени и интерпретирани на Твитер и надвор од него, ние засекогаш ја запираме работата на тој налог поради ризик од натамошно провоцирање насилство, се вели во соопштението.

Понатаму, се додава дека „после ужасните настани неделава во среда, компанијата потенцираше дека нови нарушувања на правилата на Твитер може да станат причина за преземање вакви постапки“.  

Компанијата исто така објави резултати од анализа на последните два твита на претседателот и реакциите што тие ги оставиле кај некој корисници, според која „пораките можат да станат причина насилничките чинови во Капитолот на САД на 6 јануари 2021 година да предизвикаат мобилизација кај разни публики и да бидат повторени… затоа е донесена одлука за итно и постојано укинување на услугата“.  

Трамп праќаше десетици твитови секојдневно, а во текот на претседателството објави повеќе од 26.000 пораки испратени до своите над 88 милиони потписници. 

Претседателот веднап реагираше на одлуката на Твитер. Во соопштение по овој повод тој истакна дека мрежата сака да го замолчи. Изјави дека преговарал со други веб страни и вети „големи објави наскоро“, како и тоа дека работи на изградба на „наша платформа“. 

-Твитер не е за слободата на говорот. Тие работат за промоција на платформата на радикалната левица и дозволуваат слободно изразување на некои од најзлите луѓе во светот, истакна Трамп. 

Соопшти и дека се обидел да го искористи официјалниот налог на претседателот на САД, но дека Твитер веднаш ги бришел и тие твитови. Подоцна беше блокиран и налогот на изборната кампања на Трамп. 

Завчера, и Фејсбук го блокираше на неодредено време налогот на Трамп, а тоа го направија и други социјални платфирми како Снапчат, Јутјуб, Твич и Редит. 

Твитер денеска објави дека отстранува налози чии сопственици шират содржини поврзани со радикалните десничарски групи како онаа на теориите на заговор QAnon (КјуЕјнон). Некои од тие налози се на Мајкл Флин, поранешен советник на претседателот, и на адвокатот Синди Пауел. Од Твитер прецизираа дека овие налози продуцираат содржини кои можат да иницираат нови изблици на насилство.  

Во нападот на Конгресот учествува и многу демонстранти кои носеа симболики на QАnon. /МИА/

Next Post

Обвиненија и истрага по насилниот упад на Капитол

НАЈНОВО

ДИК го утврди упатството за утврдување на цените за платено политичко рекламирање во медиумите за локалните избори

August 9, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Инцидент за време на протестот во Кочани: Возило им го пресекло патот на родителите на загинатите

August 9, 2025

ДИК го усвои календарот за локалните избори: Поднесување листи на кандидати до 13 септември, кампањата ќе почне на 29 септември

August 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Окупација во 45 слики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал во Демир Хисар – Адвокатот Стеваноски: Еве како се менува доректорка на средно училиште пред распишување на избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Инцидент за време на протестот во Кочани: Возило им го пресекло патот на родителите на загинатите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина новинарката Јулијана Тануровска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Локални избори – шанса за поправен испит за нашата зрелост како нација и држава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk