ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СКАНДАЛИ

Според ВМРО, во предност е… ВМРО! Уште една аматерска грешка на агитпропот, со стар датум на кој изгубија избори

Разбирливо, грешките на институтот „Аста ла виста бејби“ што ни аматери не би ги направиле, „не ја забележува“ познатата мрежа од пара-медиуми кои цел ден ја лиферуваат оваа лажна информација на ВМРО-ДПМНЕ за самото себе, според принципот „направи сам“. 

January 10, 2021 17:24
in ZOOM IN, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СКАНДАЛИ
Share on FacebookShare on Twitter

И покрај честите гафови и бисери како што се „Да живее Зоран Заев“ на портпаролот Димче Арсовски, „јас сум на браникот на криминалот“ од (формално) првиот човек на партијата, Христијан Мицкоски (и многу други), ВМРО-ДПМНЕ, сепак, би требало да може подобро и поквалитетно да лаже. Со сите ресурси што им се на располагање, и познати и непознати извори на финансирање, со сета „техничка“ помош што ја добиваат од пропагандните центри од источна и централна Европа – вмровците сè почесто паѓаат на исклучително ниско ниво на ефикасност во формулирањето и пласирањето на лажните вести и црна пропаганда.

Една од нив е и денешната вест за „истражувањето“ на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ. Овој текст се објавува малку подоцна во денот, бидејќи на авторот на овие редови му беше потребно време да престане со смеење, па да седне да пишува. Во меѓувреме, на социјалните мрежи и на интернет медиумите веќе имаше многу смеење и подбив, што може да се сведе и на еден твит кој вели: „според вмро – вмро е во предност“. Токму така!

„Куририте“ денеска објавија дека Институтот СИА ВИСТА, спровел анкета на прашањето „За која партија би гласале доколку изборите се утре“, па велат дека „за ВМРО-ДПМНЕ се изјасниле 22,3 отсто од испитаниците, додека СДСМ ја ужива довербата од 18,4 отсто од гласачите“. Според анкетата, „Левица со 4,9 отсто е третата партија од македонскиот табор“. „Убедлива предност за ВМРО-ДПМНЕ“ се вели во дел од вмровските портали.

Овој „институт“ е класичен спин-оф на ВМРО-ДПМНЕ, какви што сме виделе на десетици во изминатите години. Не е познато дали имаат веб страница, а таков податок нема ниту на нивната Фејсбук страница. Како и да е, првенци на оваа „мала група ентузијасти“ се Ефтим Клетников, Ламбе Арнаудов (вмровски ветеран) и неколку слични ликови чиј крај на папочната врвца им е во „белиот дворец-дивоградба“.

Сиа Виста

Тоа не е крај на неделната утринска гротеска што ја приреди вмровската пропаганда. Првиот мејл кој стаса од „институтот“ е со прашање во кое стои датумот 15 јули!

Поточно, првото прашање кое, наводно, им било поставено на 1.523 испитаници, според соопштението, гласи:

„За која партија би гласале, на изборите што ќе се одржат на 15 јули?“

 

Кој 15 јули? Тоа помина! Како тоа прашувале во декември и на почеток на јануари оваа година, а прашувале за 15 јули минатата година? И тоа на датумот на кој ги изгубиле изборите! Значи, и да постоело такво истражување во јули, било погрешно. Зошто да се рециклира сега?

Како и да е, некој им кажал дека направиле грешка, па само малку подоцна, поточно, во 12:41 часот денеска испраќаат нов текст, со „исправка“, односно прашањето е преформулирано во: „За која партија би гласале доколку изборите се одржат утре?“

Разбирливо, грешките на институтот „Аста ла виста бејби“ што ни аматери не би ги направиле, „не ја забележува“ познатата мрежа од пара-медиуми кои цел ден ја лиферуваат оваа лажна информација на ВМРО-ДПМНЕ за самото себе, според принципот „направи сам“.

Џабир Дерала

 

Next Post

МЕПСО: Невремето го прекина снабдувањето со електрична енергија во Дебар и околината

Најново

СДСМ: Граѓаните скапо ги плаќаат „бајките“ на Мицкоски додека трошоците за живот растат

April 20, 2026

Поповски: Убедлива победа на Радев во Бугарија – „Прогресивна Бугарија“ освои самостојно мнозинство

April 20, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Дневен хороскоп со Анис – 20 април 2026

April 20, 2026

Партијата на Румен Радев, победник на изборите во Бугарија

April 19, 2026

Филипче: СДСМ бара замрзнување на цените и посебни мерки за ранливите категории

April 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk