Некои работи никогаш не се менуваат, но сексот не е една од нив. Од антички Египет, до 90-тите и нивната љубов кон БДСМ, порталот ,,Bustle” не води на краток преглед на најдобрите (или најлошите) сексуални трендови во историјата.
Антички Египет (3100-332 п.н.е.) Карминот посочувал дека сте отворени за орално задоволување
Оралниот секс се практикувал во повеќето антички општества, но, античките Египќани честопати се забележуваат дека се особено заинтересирани околу него толку многу што еден од нивните најважни митови е центриран токму околу задоволувањето на глинест пенис, што се сметало дека го враќа во живот богот Озирис.
Древниот египетски ентузијазам за орален секс добива заслуги од некои историчари за создавање на уште еден камен-темелник на современото општество, карминот. За Египќаните често се смета дека биле првата култура што се шминкала. Според оваа теорија, египетскиот ентузијазам за шминкање и орален секс се судрија кога древните египетски куртизани ја објавија својата орална моќ со обојувањето на усните, за денес тоа да стане секојдневна употреба на прекрасниот црвен кармин кој го обожуваме.
Антички Рим (753 п.н.е. – 476 г. н.е.): Одбегнете ја импотенцијата избегнувајќи зелена салата
Верувањето во афродизијачка храна било вообичаено во многу антички култури, вклучително и во антички Рим. Римјаните верувале дека одредена храна поседува антиафродизијачки квалитети, особено зелена салата.
Античките Римјани биле сомнителни во зелената салата, за која верувале дека може веднаш да ги направи мажите импотентни. Значи, римските мажи имале тенденција да ги избегнуваат зелените работи, што денес можеме само да претпоставиме дека довеле до недостаток на влакна во нивната исхрана, а не допринеле околу нивната потенција. Контрадикторно е што зелената салата е главната состојка во Цезар салатата наречена по Јулиј Цезар.
Среден век во Европа (400-1400): Заљуби се од далеку !
Средниот век не бил толку добро време за секс. Црквата имала многу ограничувачки правила за тоа со кого можеш да имаш секс кога можеш да се согласиш на тоа. И, ако некој се спротиставел на строгите правила можел да биде строго казнет, понекогаш со смрт.
Се разбира, никој не можел да ги спречите луѓето да имаат секс, дури и со лудите правила за тоа, и така луѓето во средниот век продолжија да го прават тоа. Но, ограничувањата на сексот, како и промената на идеите за работи како што се дали браковите требало да бидат договорени од семејства или доброволно, довеле до создавање на концепт наречен „дворска љубов“ кон крајот на 11 век. Дворската љубов постоела помеѓу две лица кои не биле во брак едни со други, но веројатно биле во брак со други луѓе. Нелегалните дружења со куртизаните поради строгите правила во сексот, и ограничувањата на секс еднаш неделно од страна на сопругите, довеле до големи и сериозни проблеми во браковите, како и разводи. Големата стапка на разводи ги довела жените без егзистенцијални средства да се предадат во многуте кафеани, и да станат едни од тие поради кои бракот првично им се распаднал.
Пуританската ера во САД (1500-1700): Подготвени во секое време, на секое место !
И покрај она што можеби сме го слушале за нив, пуританците и тоа како имале секс… Според некои проценки, една од три пуритански невести била бремена на денот на венчавката.
Но, иако тоа звучи шокантно модерно, просечниот пуританец исто така бил напреден во некои сфери што денес би ги сметале за напредно ниво на сексуалност, како јавниот секс. Сексот во поле, шума бил нормален дел од животот на пуританците, како и сексот во продавница, трем или просторија каде што биле присутни други луѓе. Но тоа не било затоа што тие беа многу напредни, едноставно немало приватност во затворен простор, и го направило таквиот јавен секс неопходност.
Но, неопходност или не, тоа е сепак дел од американското наследство.
Викторијанска ера (1837-1901): Вибратори на рецепт?
Викторијанската сексуалност стана прилично историска жешка тема во последниве години, бидејќи се популаризираше идејата дека викторијанските жени со дијагностицирана „хистерија“ (во основа секое физичко или ментално здравје) биле третирани со доведување до оргазам од страна на лекарите со вибратори. Некои историчари излегоа со став дека нашето разбирање за вибраторите и хистеријата е погрешно, и дека кога викторијанскиот лекар Мортон Гранвил го измислил првиот моторизиран масажер, тој бил создаден само за лекување на повредени мускули, а не за самозадоволување.
Која е вистината? Како и да е, знаеме само дека вибраторите се измислени во Викторијанската ера, и нам не ни преостанува ништо друго освен да им се заблагодариме, искрено !
1970-тите: Отворени кон отворените бракови
И покрај тоа што 60-тите години на минатиот век добија голем дел од заслугите како ера што ја популаризираше слободната љубов и сексот пред брак, сепак, сексот пред брак веќе бил доста популарен, а идеите како полигамија всушност влегоа длабоко во јавноста во следната деценија. Мејнстрим американската поп-култура во 70-тите години на минатиот век честопати отворено се залагала за полигамен секс, за веќе брачни парови кои претходно биле моногамни.
Во 1972 година, книгата „Отворен брак” од Нина и Џорџ О’Нил стана меѓународен бестселер. Тоа беше првиот главен повик кој се залагаше за емоционална посветеност без сексуална моногамија. Многу луѓе го следеа примерот и експериментираа, доведувајќи до „клучни забави“ (забави на кои паровите присуствуваа со размена на партнери). Иако оваа ера на експериментирање со отворен брак честопати се памети како културолошка грешка, таа ги отвори вратите за денешното преземање на полигамијата.
1990-ти :
Заложништво и сексуална игра со размена на моќ веќе долго време постоеја како подземни настојувања. И тие периодично се појавувале како мејнстрим трендови, како на пример фотографијата со ропство во 1950-тите, со Бети Пејџ, или хит филмот „9 1/2 недели“ од 1986 година, што во основа беше 50-те нијанси на своето време.
Но БДСМ стана популарно баш во 90-тите со облеката од винил, боцките, до камшици како додатоци. Мадона ја прифатила персоната на домина во својот албум Еротика во 1992.
Ова беше само краток дел од сексуалните трендови во светот. Едно нешто останува сигурно, а тоа е дека некои од овие трендови нема, и не посакуваме никогаш да се вратат, а ќе видиме што ќе донесе иднината