ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Изјава на Стивен Хокинг стара пет години се користи за манипулации против вакцините

January 12, 2021 09:38
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Изјава на познатиот физичар и космолог Стивен Хокинг, дадена во 2016 година, после речиси пет години повторно се актуелизира и се употребува во погрешен, манипулирачки и наведувачки контекст. Објава на Фејсбук преку сензационалистички и неточен наслов со големи букви тврди дека Хокинг „го шокираше светот“, пишува Вистиномер.

„СТИВЕН ХОКИНГ ГО ШОЌИРАШЕ СВЕТОТ: Мутираните вируси во вакцините се закана, тие можат да го уништат човештвото“

Ова е погрешно по неколку основи. Прво, Хокинг на 6 јануари 2021 година кога е објавен текстот, не можел да го шокира светот затоа што тој е починат веќе речиси три години (14 март 2018 година). Дека станува збор за починат научник и дека изјавата е стара неколку години не е наведено никаде во текстот. Со ваков наведувачки наслов се добива впечаток дека Хокинг го изјавил ова сега. Притоа со оваа насловна конструкција се наведува читателот да помисли дека Хокинг мисли на новиот коронавирус и процесот на вакцинација против него.

Освен временски, насловот е и суштински неточен.

Хокинг никогаш не изјавил дека мутираните вируси во вакцините се закана и можат да го уништат човештвото. Неговата изјава, како што е коректно наведено во првиот дел од текстот, е следната:

Се соочуваме со низа закани: нуклеарна војна, глобално затоплување и генетски модифицирани вируси.

Ова го изјавил во интервју во 2016 година, на прашањето дали светот ќе заврши природно или ќе биде уништен од човештвото. Понатаму, тој воопшто не говори за процесот на вакцинација. Неточен е заклучокот дека Хокинг смета дека мутирани вируси се наоѓаат во вакцините, како што тврди насловот.

Во последните два пасуси се тврди дека некои од најтешките вируси може да бидат претворени во оружје за масовно уништување, дека во вакцините има генетски модифицирани вируси и дека вакцините се извор на болести. Ова нема никаква врска со Хокинг. Тој тоа никогаш не го изјавил. Станува збор за коментаторски заклучок, но без да биде кажано чиј е и од каде потекнуваат овие пасуси – дали се на авторот на текстот или се преземени од некаде, а притоа не е направена дистинкција од тврдењата на Хокинг. Читајќи го текстот без да го знаете ова, ќе помислите дека се работи за ставови на познатиот научник, што е неточно.

Овој текст, заснован на една реченица изјавена од Хокинг во 2016 година и без дополнителни податоци базирани на докази и релевантни истражувања, ги манипулира читателите и ги наведува да помислат дека вакцинацијата е опасна.

Вакви текстови и објави на социјалните мрежи создаваат сомнеж и дилема кај јавноста за процесот на вакцинација и тоа се прави во клучен период кога светот започна со вакцинирање против коронавирусот.

Извор: Вистиномер

Next Post

Меси прогласен за најдобар плејмејкер на деценијата од страна на ИФФХС

EVN

НАЈНОВО

Димитријевиќ: АКТ објави нова „бомба“ – Тендерска мрежа на фирми води директно до Нелоски и кабинетот на Мицкоски

January 27, 2026
Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

Анкета во Унгарија: Опозициската Тиса убедливо пред Фидес, се тресе ли „тронот“ на Орбан

January 27, 2026
Фото: МВР

Во три сообраќајни несреќи тешко повредени тројца пешаци во Скопје, Куманово и Битола

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk