– Најостро ги демантирам тврдењата на Јасна Котеска – повикувам да запре ширењето дезинформации! Ниту се планирало, ниту ќе се укинува групата македонски јазик на Филолошкиот факултет. Ова е чиста лага, граѓаните да не подлегнуваат на овие шпекулации, демантира министерката за образование и наука Мила Царовска преку својот Твитер профил, откако претходно професорката Јасна Котеска наведува наводен „таен државен удар“ односно укинување на групата на македонски јазик на Филолошки!
Најостро ги демантирам тврдењата на Јасна Котевска – повикувам да запре ширењето дезинформации! Ниту се планирало, ниту ќе се укинува групата македонски јазик на Филолошкиот факултет. Ова е чиста лага, граѓаните да не подлегнуваат на овие шпекулации.https://t.co/I7aJSujEig
— Mila Carovska (@mila_carovska) January 14, 2021
Лажната вест која ја пласира професорката Јасна Котеска проструи низ неколку интернет портали одма после објавувањето на нејзиниот твит.
Порталот Република оди со наслов: „Мила Царовска планира да ја укине и групата македонски јазик на Филолошки факултет“ и додава – Професорката Јасна Котеска на социјалните мрежи открива скриен план, што го нарекува “Таен државен удар”.
Одма после тоа и други портали безмалку како координирани ја пренесуваат лажната вест со измени во насловите: „Проф.Јасна Котеска открива „таен државен удар“: Царовска планирала да ја укине и групата македонскиот јазик на Филолошки!, друг оди со наслов: „Не е само историјата, Царовска планирала да го укине и предметот македонски јазик“,
Во моментот на објавување на оваа содржина, наведените портали го немаат објавено демантот од министерката за образование Мила Царовска, на лажната вест пласирана од професорката Јасна Котеска.
Ј. Ѓорѓиоски