ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Тавила: КОВАКС вакцините наскоро ќе пристигнат

January 14, 2021 13:43
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

КОВАКС вакцините многу скоро ќе пристигнат во земјава, а први ќе се вакцинираат здравствените работници, согласно одлуката на Комисијата за заразни болести и на Владата, изјави шефицата на Канцеларија на СЗО во Скопје, Џихан Тавила.

– Вакцините треба да пристигнат. Потребни се многу подготовки кои треба да се случат Имаме работа со позната методологија, која е безбедна и ефективна. Вакцината прво ќе ја примат приоритетните групи. Согласно одлуката на Комисијата за заразни болести во земјава и на Владата тоа ќе бидат здравствените работници, што е случај и со сите други земји во светот. Треба да разберете дека е почнато со заштитата. Ќе биде потребно време за таа да биде доволна за сите. Но, можам да ве уверам дека Владата и земјата прават се за да бидат заштитени сите во земјава, изјави Тавила по предавањето донацијата од СЗО во институтите за судска медицина и за микробиологија, одговарајќи на новинарско прашање зошто се уште ја нема вакцини против коронавирусот во земјава.

Таа појасна дека ситуацијата околу вакцинацијата е различна во секоја земја.

– Оваа вакцина се користи за итна вакцинација, а не како другите регуларни вакцини кои доаѓаат на пазарот. Тоа значи дека е потребно многу внимателно следење и проучување од страна на Владата, за да се обезбеди дека се применува вистинската вакцина, појасни претставничката на СЗО во земјава.

Таа смета дека не се оправдани оценките дека КОВАКС механизмот не функционира.

– На знам на какви информации ја темелите ваквата оценка дека КОВАКС не функционира. Ние имаме информации дека КОВАКС вакцините ќе пристигнат многу скоро. Министерството за здравство работи со КОВАКС системот и со УНИЦЕФ да се осигура дека вакцините ќе пристигнат во догледно време, вели Тавила.

Министерот за здравство Венко Филипче повтори дека во планот за имунизација против Ковид-19 има три категории при што веднаш ќе се започне со вакцинација на здравствените работници кои се со најголем ризик, односно тие кои работат со ковид пациенти.

-Во првата група се граѓани постари од 70 години со значаен ризик во смисла на повеќе коморбидитети и луѓе со посебни потреби и институционализирани во одредени институции. Во втората група влегуваат другата група на здравствените работници со помал ризик, пациентите со хронични болести и вработените во критичната инфраструктура за државата итн. Така што тој план исто така е комунициран на повеќе нивоа кај нас со претставници на Комисијата за заразни болести, на Комитетот за имунизација, работната група која што работи на овој поле. Тој план е горе долу еднаков со сите останати стратегии во другите земји, вели министерот за здравство Филипче кој присуствуваше на примопредавањето на донацијата од СЗО.

Next Post

Демант од Царовска на лажната вест од Котеска: Ниту се планирало, ниту ќе се укинува групата македонски јазик на Филолошкиот факултет

Shortcut

Најново

Се снајде на туѓа сметка

October 14, 2026
Фото: Скирншот, АП

Occupy Democrats: Зеленски го прозва Трамп поради стопирањето на предупредувањата за руските ракетни напади

October 14, 2026
Илустрација: Banking Stock photos by Vecteezy 

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години: Кој и колку добива од рекордните профити?

October 14, 2026
Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

October 13, 2026

Живите лежечки полицајци

October 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk