„Владата има сериозна соработка и со „Фејсбук“, со „Јутјуб“, со „Вибер“, и како резултат на таа длабинска соработка вестите кои се потврдени со факти и вистина од институциител, овие мрежи им даваат приоритет и ги означуваат како вистинити. Ќе илустрирам кога пресовите на министерот Филипче одеа само онлајн без присуство на новинари, а одредени ботови упаѓаа за да го прекинат, „Јутјуб“ направи посебен заштитен канал со цел пресовите да се емитуваат непрекинато.“- изјави националниот координатор за стратегиски комуникации, Марјан Забрчанец, во емисијата „Вин вин“, на телевизија Телма.
Дополни дека сите партии не користат „ботови“ (лажни профили на социјалните мрежи), но дека јавноста знае кој ги користи. „МВР има оддел за компјутерски криминал и дектира секакви вести, и за ширење паника, за дискриминација, за напади по други основи итн… МВР ги детектира случаите, но не функционира правосудниот систем.
Секој што пријавил криминал во полиција, тоа брзо се процесуриа со оние ресурси што ги имаме, но, понатаму процесите не одат задоволително. Ако некој ви се заканува со сечење прсти, како на активистот Петрит Сарачини, и тоа со име и презиме, и тоа член на партија, тогаш? Дали треба повеќе за обвинителството од ова што сега го кажав?- праша Забрчанец.