Некој се обидел да спинува дека ќе сме формирале арбитражна комисија која ќе одлучувала која вест била лажна, а која не. Не, немаме намера да одлучуваме дали вестите се лажни или не! Тоа е најефтиното и најпропагандно пакување на владиниот акциски план против дезинформации, рече националниот координатор за стратегиски комуникации, Марјан Забрчанец, во емисијата „Вин Вин“, на телевизија Телма.
„Но кога некој има намера да каже дека има само уште 100 теста за Ковид-10, а секој ден сме сведоци како се тестираат по илјада луѓе, и тоа како ќе излеземе и ќе кажеме дека тој е извор на дезинформирање, тој ве лаже, ова се фактите.“ рече Забрчанец.
Ј. Ѓ.