На овие простори пописот се врзува за политичка операција, затоа што сè уште правата на луѓето се гледаат пред сè низ националната призма. Затоа, ни требаат конкретни изјави дека и по смена на власта никој нема намера да го менува Уставот и да ги одзема правата, напиша претседателот Стево Пендаровски на Фејсбук.
Неопходен е инклузивен процес во кој сите релевантни чинители имаат јасен став дека пописот е статистичка операција којашто нема да задира во ничии права. Само на тој начин ќе имаме успешен попис чиишто резултати нема да биде оспорени од никого.
Интервју за државната агенција MИА.mk.