За децата што ќе плукаат крв. Постапките на екстремната десница и нејзините симпатизери ширум светот се во основа инфантилни и најмногу ги мотивира длабокото чувство на инфериорност. Се состои во тоа на противникот бесконечно да му се повторува ти си, не сум јас!“- и обратно (Мицковски за Заев, пр. м.з.)….пишува Бранко Тричковски.
Јанаки Митровски: „Децата крв ќе ви плукаат” не е прифатливо во ниту еден контекст и тука нема простор за АМА!. Деца се деца, и не се виновни за ништо, нити треба да плаќаат гревови на родителите. Заврши дискусијата!, пишува адвокатот Јанаки Митровски на неговиот Фејсбук профил.
Јовановиќ: Сиромавото дете…. Апасиев. СЈО: 50.000 денари. Собрание минимум: 100.000 денари. Годинава ќе земе од државата која ја плука: 300.000 евра, пишува Ненад Јованович.
Кузеска: Освен омраза, поделба и популизам, Левица на Апасиев не нуди ништо друго. Токму затоа, граѓаните треба да внимаваат – од една страна е СДСМ, која ја турка државата напред, со проекти и мерки кои се во интерес на граѓаните, а од другата страна е Апасиев и Мицкоски, кои освен поделби, лаги, манипулации, закани и омраза, не нудат апсолутно ништо“, изјави Кузеска.
Регистрирани 190 нови случаи на Ковид 19, оздравени се 2.009 пациенти, починати се 6 лицa. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 88.938, бројката на оздравени пациенти е 73.601, на починати е 2.702, а бројот на активни случаи изнесува 12.635.
СДСМ: Пописот е статистичка операција, никаде во светот нема повик за бојкот на попис, тоа е спротивно на законот. Бојкотот и повикувањето за бојкот на пописот значи и повикување на непочитување на законите. Тоа е апсолутно апсурдно и секако прв случај што можеме да го видиме во европа и светот.
СДСМ за Ковачки: Срамно е да се биде во редовите на Армијата, а да се работи против неа и против својата земја. Сега кога сме членка на НАТО, кога војниците се финансиски обезбедени и мотивирани, се обидувате да злоупотребите безбедносни процедури да го урнисате авторитетот на вашите колеги, на Армијата и државата. Нема да успеете“, се додава во реакцијата.