ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Чорапи со „локуми“

January 18, 2021 21:08
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Ми ѕвони Ив во 11, читај црни сабајлиња ниедно време за викенд. Ја изнервирало нешто, ама знам тоа и мене ми е така кога сум дежурен за викенд, а поготово во недела втор ден дежурство. И изшмерглавме на крај – Владата е крива, Апасиев е морон, Мицко е грефче и слични муабети. Во меѓувреме дури се организираме како со смените за наредна недела, праќа глумицата слики од Маврово – лепота, а пештанчето праќа од Охрид – дамбетер убајна. Јас спружен на троседот им фркнав една од домашна селфи чарапа со „локуми“, или како ли се викаат, не ме мачете јас да гуглам, оти ќе извадам нешто криво, па лажни вести, па дезинформации, па клевети и навреди, па хаштагови, флеш мобови и што ти не знам, а сето за што, за еден пар „локум“ чорапи. Не вреди другари, викајте ги чорапите како што сакате.

А лажни вести, дезинформации и конструкции колку што сакате изминатава недела. Имаше една здрава, што би рекле – професорска лажна вест и една теленавигирана конструкција од извадена од контекст изјава. И двете имаат, како нели и сите лажни вести што си имаат, прецизна и конкретна намена и таргет.

Овој пат таргет е Мила и Бочварски. Онаа професорската фејкњузерка, ја спука Јасна Котеска, на што веднаш попи демант од Мила Царовска, а другата беше за извадена од контекст изјава од Бочварски.

Што ли се случи со Јасна Котеска?

Се пали раја на фејк, оти фејк е како кејк, лесно се лапа, уште по лесно се кува, поготово ако мајсторот на фејк-кејкот е од гулаш-пропагандата. Изнарипа кој ли не, да бранат група на македонски јазик на катедри на Филолошки, башка што нит знаат што значи тоа, а нит е вистина дека се укинува, ама лепи, Теткински муабет пренела една професорица на друга, прави академски граѓанки нели, вторава шлапнала на Твитер, будимпештанска прес-служба искористила ем испревртела и народ знае – аш бубата, го апна македонскиот јазик.

Ај народ ко народ, верују на се живо што ќе се пише, ама пак и хехенце новинарка од Висока школа за новинарство ем Институт за комуникациски студии се испендерила со фејкњуз твитот. Ама со финта таа, па вели као прашува: А ова е точно?! Во коментар и кажуваат дека не е точно, а она као изненаѓена се заблагодарува, ама не го едитира постот, нит го брише, ја остава лажната вест да си стои. Кога и укажуваат дека ич не е во ред да стои лажната вест, и увреѓена е, па прашува дали било забрането да се прашува. Фркни лажна непроверна вест, стави прашалник во насловот и уала, ти си чист како суза. Јадна нам новинарска школа ем Инстутут, со вакви експерти.

Слично беше и со еден доктор ем професор. Кога му укажуваат дека е извадена од контекст изјавата на Бочварски и дека таквиот наратив сега добива сосема друга конотација, професоров вели ок. ама: – Малку ме јаде туѓ срам да читам одбрани на министер, па макар бил во право. Го јадело срам филозофот да чита одбрана против лажна вест, па макар бил и во право министерот. Ако не пренесат новинари, ако не реагира јавност, со сиот професорски капацитет мислиш дека функционер без помош на јавност само со ПР може да се одбрани против конструкции? Жалничко„

Запаливме патиките и бараме зимска јакна за моја Ен. Во продавница во Рамстор не и знаам името, бендеме јакна, топ продукт. Ама црна боја беше јакната, а нели не сакаме да е црна. Не дека цената (од 32 бона сега намалена на 19,) на попуст од 19.000 денари не одврати да ја земаме, ами бојата – црна. Што е 300 евра за јакна, колку еден шал?!

– Децата има крв да ви плукаат, се продава ли црна јакна колку еден шал имате ли вие… ми влета во мисла тоа хаштагот што го сподели Апасиев, па ми се виде соодветен за употреба, ама па се сепнав.

Апасиев фашистот со парламентарна плата илјада и петсто евра месечно што с’ска раја на социјални мрежи е една будала, па не ќе сум јас другата што ќе улета на патетична замка од подли манипулатор. Но, добро лепи тоа гневот кога се канализира кон лаковерен таргет и тоа им е добра гебелс тактика, мора да се признае.

Чувај си живци, глеј си гревот, викендов со Јунајтед имаме утакмица, си реков.

И вистина, реми со Јунајдед, четрврта утакмица без победа, срам ме изеде и од Јордан и од Жане и од Апасиев и од Јасна, а бога ми и од згодната продавачка во Рамстор, Ливерпул е актуелен шампион на Англија, не може ова вака. Клоп друже, мора да менуваш тактика, не е до одбраната. Можеби е до чорапите. Си пробал ли со чорапи со „локуми“?


Текстот е личен став на авторот. Сите права се задржани.

Next Post

Вечерен преглед : Карпош без урбана мафија, Пензиите ќе се плаќаат редовно, Се е спремно за вакцините од Србија

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во Тузла, загинаа 10 лица, меѓу повредените има и спасувачи

November 5, 2025
Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 5 ноември

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk