ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Во Грција се отвораат продавниците, моловите и трговските центри

January 18, 2021 09:23
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

По речиси два и пол месеци, под посебни мерки, со претходно испратена смс порака и со ограничено време за шопинг, денеска во Грција се отвораат продавниците, моловите и трговските центри, а повторно со работа почуваат и козметичките и фризерските салони, берберниците и центрите за техничка контрола на возила, јави дописничката на МИА од Атина.

Отворањето на продавниците, сепак не значи и крај на карантинот во Грција што започна на 7 ноември 2020 година, со оглед на тоа дека и понатаму во сила се рестрикциите за движење, односно излегување од дома само со испратена смс порака од шест конкретни причини, а паралелно во сила е и полицискиот час од 21 часот до 5 часот наутро, како и забраната за патување меѓу периферии.

Продавниците ќе работат под конкретни правила, со ограничен број муштерии, додека пак маската е задолжителна за сите, исто како што е задолжителна секаде во Грција.

Поради забраната за движење, граѓаните ќе имаат на располагање два часа за шопинг и само по претходно испратена смс порака, која ќе треба да ја чуваат во случај на контрола.

За продавниците до 100 метри квадратни дозволени се до четири лица, а за оние над 100 метри квадратни, по едно лице на секои 25 метри квадратни, наместо на 15 како што беше пред карантинот.

Еден посетител на 25 метри квадратни ќе важи и за трговските центри и моловите.

Берберниците фризерските и козметичките салони, ќе работата само со претходно закажан термин.

Продавниците беа отворени во пресрет на божиќните и новогодишните празници, работеа околу 20 дена, но само за услугата „click away“, односно подигнување на претходно направена порачка преку интернет или телефонски, која беше прекината пред две седмици.

Рестораните, таверните, кафулињата, баровите, фитнес центрите, музеите, археолошките локалитети, како и средните училишта и универзитетите и понатаму се затворени.

Во изминатите 24-часа во Грција се регистрирани 237 нови случаи на Ковид-19, а почина 28 лица.

Од почетокот на епидемијата има 148.607 заразени и 5.469 смртни случаи.

Next Post

Во Хрватска вакцинирани околу 46.000 луѓе, 80 имале лесни несакани ефекти

Shortcut

Најново

Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

September 7, 2026
Фото: Скриншот

СДСМ бара истрага за Јанушев за низа скандали, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека институциите конечно функционираат

September 7, 2026

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk