– Имаме убава, среќна вест. Добиваме 8.000 Фајзер вакцини од Србија. Претседателот Вучиќ денес ми потврди дека Србија ќе ни помогне со вакцини од нивната набавка, кои ќе ги платиме по набавна цена, објави на Фејсбук премиерот Заев.
Тој нагласува дека ова е чин на солидарност на нашиот сосед и зацврстување на нашето пријателството.
– Во тек се преговори околу техничките процеси за доставување на вакцините, а со првите дози ќе се вакцинираат здравствените работници, хронично болните лица, возрасните и други ризични категории, додаде Заев во објавата.
Имаме убава, среќна вест. Добиваме 8.000 Фајзер вакцини од Србија. Претседателот Вучиќ денес ми потврди дека Србија ќе…
Posted by Zoran Zaev on Monday, January 18, 2021