ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Битиќи: Угостителскиот сектор не е помалку поддржан, сите треба да бидеме разумни во очекувањата и можностите

January 20, 2021 12:10
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи не се согласува со констатацијата на Независната угостителска комора дека угостителите не се поддржани наспроти сите останати сектори.

Во одговор на новинарско прашање, Битиќи денеска посочи дека уште во првиот и вториот актикризен пакет имало мерки насочени само кон угостителскиот сектор и оти само во делот на мерката за финансиска поддршка процентуално гледано искористеноста во овој сектор е солидна.

Тој вели дека е отворен за комуникација со секого, но оти во овие тешки времиња сите треба да бидат разумни во очекувањата и можностите.

– Јас сум отворен да комуницирам дури и со неистомисленици без разлика дали тие претставуваат само мала група на луѓе или претставуваат поголема група на стопански субјекти. Имаше период на изјаснување за собирање на предлозите за мерките. Ќе ги видиме и ќе разговараме, но треба да сфатиме дека во овие тешки периоди, сите треба да бидеме разумни во очекувањата и можностите, рече Битиќи, додавајќи дека сите ќе бидат помогнати во рамки на возможното.

Во однос на барањето на угостителите за средба до 25 јануари, Битиќи рече дека тоа би требало да се реализира доколку дозволат условите со Ковид ситуацијата, но оти има и други механизми како што е онлајн комуникацијата.

Вицепремиерот повтори дека следната недела ќе се разгледа можноста за продолжување на работното време на угостителските објекти по 21 часот, но, како што рече, секоја  мерка што се носи мора да оди парарелно со примарната цел, а тоа е здравјето на граѓаните.

Прашан дали чувствува морална одговорност за советниците Владимир Пешевски и Кирил Миновски во Советодавното тело за љубов кон татковината, а особено за Пешевски за кој се води судски процес за автопатот Кичево-Охрид, вицепремиерот Битиќи рече дека едно од правилата кое го почитува е презумцијата на невиност. Тој не гледа ништо лошо во тоа да биде прашан кој било за мислење и смета дека не е грев да разговара со неистомисленици.

–  Дали чуствувам морална одговорност? Одговорот ќе биде – толку колку што чувствуваат морална одговорност одредени медиуми за тоа дека има колебање дека јас сум заразен со ковид и дека намерно избегнувам да излегувам во јавноста. Една од доблестите на луѓето е да разговараат со сите. Ако сакаме да градиме едно демократско општество во кое сите чинители ќе бидат вклучени во развојот на нашата земја, сметам дека треба да има основни правила. Едно од правилата кои јас ги почитувам е презумцијата на невиност. Јас не можам да мислам дали некој е виновен за нешто кога никој друг тоа го нема се уште потврдено. Јас ги гледам луѓето само како луѓе кои можат или не да придонесат, нагласи Битиќи.

Тој посочи дека Пешевски и Миновски се повлекле како разумни луѓе во моментот кога виделе дека има реакција од јавноста.

– Не гледам ништо лошо во тоа да биде прашан кој било да даде мислење, особено затоа што ниту едно од тие работи кои беа разговарани на првиот состанок, се уште не се преточени во какви било јавни политики. Ако тоа е најголемиот грев којшто го имам направено, секако барам извинување, но не сметам дека разговарањето со неистомисленици е голем грев, истакна Битиќи.

 

/МИА/
Next Post

НБ објави Анализа за меѓународната инвестициска позиција на македонската економија и на земјите од регионот

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk