ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ZOOM IN

Дали Трамп може да се помилува себеси?

January 20, 2021 13:49
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Додека тој се подготвува да го заврши својот мандат, се појави предлог, дека Доналд Трамп би можел да се помилува себеси или семејството. Медиумските извештаи, цитирајќи неименувани извори, велат дека Трамп им сугерирал на соработниците дека размислува да си даде помилување за себе во последните часови од неговото претседателствување, заедно со понатамошните неодамнешни претседателски помилувања. Трамп порача на Твитер во минатото дека „сите се согласуваат дека американскиот претседател има целосна моќ да помилува“.

Како функционираат претседателските помилувања?

Правото на американските претседатели да издаваат помилување е запишано во уставот. Според член II, Дел 2, клаузула 1, претседателите имаат „моќ да даваат одложувања и помилувања за кривични дела против САД, освен во случаи на импичмент“. Во пракса, претседателот може да понуди милост или  намалување на затворска казна. Поединец не мора да биде обвинет или осуден за да добие помилување, а претседателот само, не може да помилува луѓе за злосторства на државно ниво.

Но дали може да се помилува себеси?

 Не се знае точно, со оглед на кратката формулација, но широката примена на Уставот, и фактот дека не постои преседан американски лидер да издаде такво помилување. Некои правни експерти велат не, повикувајќи се на мислење издадено од Министерството за правда неколку дена пред оставката на Ричард Никсон дека тој не може да се помилува себеси „според основното правило дека никој не смее да биде судија во неговиот случај“.

Иако постојат различни мислења меѓу експертите за тоа дали Трамп може да се помилува, има поголем консензус дека таквиот потег е полн со тешкотии. Ако Трамп ги помилува роднините, тој може да биде изложен пред ризикот да биде обвинет за попречување на правдата. Ако тој сам се помилува, ќе следат прашања за тоа дали е одлуката валидна и на крајот може да заврши во Врховниот суд.

Кого се помилува Трамп

Во последните часови од претседателствувањето, Доналд Трамп помилува многу лица, вклучувајќи го и неговиот поранешен советник Стив Банон, кој се соочува со обвиненија за измама. Раперот Лил Вејн исто така доби помилување. Мајкл ‘Хари О’ Харис – коосновач на Death Row Records, кој отслужи 32 години за обид за убиство и трговија со кокаин и чиј случај го поддржа раперот Снуп Дог. Беше помилуван Кваме Килпатрик беше осуден во 2013 година на 28 години затвор под обвинение за рекет, мито и изнуда во врска со неговиот период како градоначалник на Детроит од 2002 до 2008 година. Неговата казна беше намалена, Белата куќа соопшти дека ова е „силно поддржано од истакнати членови на заедницата во Детроит. Ентони Левандовски доби целосно помилување од 18-месечната казна. Тој е поранешен инженер на Гугл, кој признал дека украл тајна технологија поврзана со автомобили што самостојно управуваат со компанијата.

Можеби  ужива во користењето на таквите овластувања, но всушност Трамп даде помилување само мал број пати во текот на речиси четири години на функцијата. Спротивно на тоа, поранешниот претседател Обама помилувал престапници или ги намалувал казните скоро 2.000 пати за осум години. 

Дали самиот Трамп после напуштањето на Белата куќа и сам ќе се соочи со осуди останува да видиме, и ништо друго освен да му посакаме пријатно заминување од Белата куќа без пропратени инциденти како оној од Капитол. Официјалното преземање на претседателството на Бајден, да се надеваме дека ќе донесе нова зора од утре во демократијата на САД.

 

подготвила: Марија Миткоска
Next Post

Израел на детската клиника донираше апарати за критични новороденчиња

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk