коментира: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ
По којзнае кој пат Апасиев од Левица, сега и на христијанскиот празник Водици, злоупотреби пригода и простор за да се изживува и поигрува со религиозните, национални и етнички чувства на граѓаните, па на крајно недоветен начин во обид да се пресмета со политички противник, поттикнува насилство и охрабрува непочитување на мерките за спречување на пандемијата.
Јавноста одма реагираше на поттикнувањето на омраза и насилство од страна на Апасиев.
„Оваа изјава треба да се процесира врз основа на член 394-г од Кривичниот законик: „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ затоа што промовира и поттикнува омраза и насилство врз основа на верско уверување и етничка припадност“, коментира професорката Мирјана Најчевска.
Поранешниот пратеник Павле Богоевски вели – Нека му каже некој на фирерчето од Велес дека матерјалниот имунитет го штити пратеникот само за зборовите искажани од собраниската говорница. Овие дела се гонат по службена должност. вели Богоевски. и додава дека овој говор како таков треба да предизвика реакција од органите на прогонот.
Димче гази преку сè „око не му трепнува, мува не го лазе, влакно не му фали“. Погазува и закони и право и достоинство и етика и морал и други општествени норми, опериран е од секакво чувство за одговорност и сето тоа само за да собере некое лајкче плус од социјалните мрежи. Ваква пратеничка гротеска и таква злоупотреба на социјалните мрежи од страна на парламентарен политичар не се памти уште од времето на… ма не се памети никогаш да имало вакво „крволочно“ и толку исфрустрирано пратениче. Од друга страна пак, нормално дека ќе си цапа и гмечи граѓански, етнички и религиски чувства на поединци и групи кога никој од органите за прогон не се поткрева од столица да покрене постапка и да процесира.
Еве веќе помина десет саат (како што вели Димче), повеќе од пола работен ден отиде, а обвинитеството и МВР си молчат.
Кој е следен празник?