ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Операција „Зароби ја МРТВ“

Во име на политичкиот дијалог и помирување, во име на (по)големата слика и слични поголеми и помали, практични и залудни потези, јавноста, институциите, па и владејачкото мнозинство во Парламентот, преспаа дузина „операции“ на МВРО за дестабилизација и кочење на европската иднина на земјата. Има ли причина да станат од кревет за еден анонимен лик каков што е сегашниот директор на МРТВ? Па има само „скромни“ 15-ина милиони евра годишен буџет на располагање!

January 20, 2021 10:15
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА
Протест на движењето Ајде! за враќање на МРТ на народот, 28 февруари 2015 година.

Протест на движењето Ајде! за враќање на МРТ на народот, 28 февруари 2015 година.

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

На МВРО (како што Гордана Јанкулоска си ја нарекуваше партијата) ништо не му е доволно. Му успеа, без посебен напор, да го задржи својот партиски војник на највисоката позиција во македонската ТВ Бастилја во 2018 година, но сега ни тоа не му е доволно. Марјан Цветковски, директорот на МРТВ од редовите на најпослушните партиски војници – груевисти, веќе не ги задоволува апетитите на „белата дивоградба“ и нејзиниот стопан во Будимпешта. Тие сакаат повеќе.

Цветковски е поставен за прв човек на јавниот сервис во 2012 година. Тивко пловеше низ директорските води во „најдобрите години“ на режимот на Груевски, а транзицијата на власта, сосе крвавиот напад врз Собранието на 27 април 2017 година, ја „прележа“ без симптоми. Програмскиот совет распиша конкурс на 26 јануари 2018 година и брзо го „избра“ повторно истиот директор со мандат од три години, се разбира, со право на реизбор.

МВРО очекува од „својот“ директор да ја гради програмата на истиот начин како за време на режимот, ако не и „појако“. Но поранешниот агитпроп послушник на Груевски, почна да покажува знаци дека станал „свој човек“. Затоа, по некое „чудо,“ тој сега стана непожелен за партијата. „Честа“ да ја изврши политичката егзекуција му припадна на Програмскиот совет на МРТВ, избран во декември 2014 година. Ако само малку се гребне на површината на оваа структура, ќе се забележи доминација на инсталацијата на Груевски, а тоа веднаш повлеквит и непотизам, корупција, партиски влијанија…

Акцијата на МВРО е едноставна. Програмскиот совет има задача да распише конкурс за нов директор и заменик-директор на МРТ. Целта е да се казни сегашниот директор поради недоволна партиска агилност, а воедно и да си обезбедат директор со мандат кој ќе биде тешко, односно неизводливо, да се прекине и со следниот состав на Програмскиот совет на МРТВ. Со еден удар, две муви. Планот им е итар, но не и доволно разработен.

Директорот не се дава, а на негова страна е и законот. Каков-таков, ама закон, тој истиот што се менуваше за да им го продолжи животот (мандатот), за мир во куќата или кој знае што. Впрочем, кога тоа законот бил проблем за инсталациите на режимот? Уште и среде ваква помирувачка демократија, цело време со „големата слика“ пред очите, повторното освојување на македонската ТВ Бастилја не би требало да биде проблем.

МВРО има уште една предност во овој нов скандал во зачеток. Јавноста веќе одамна се навикна на МРТВ да гледа како на лево сметало во медиумскиот простор. Затоа, МВРО е убедено дека и оваа офанзива на медиумскиот простор кој го плаќаат сите граѓанки и граѓани, а ќарот го собира само МВРО, ќе помине под радарот на јавноста.

Во име на политичкиот дијалог и помирување, во име на (по)големата слика и слични поголеми и помали, практични и залудни потези, јавноста, институциите, па и владејачкото мнозинство во Парламентот, преспаа дузина „операции“ на МВРО за дестабилизација и кочење на европската иднина на земјата. Има ли причина да станат од кревет за еден анонимен лик каков што е сегашниот директор на МРТВ? Па има само „скромни“ 15-ина милиони евра годишен буџет на располагање!

Програмскиот совет на МРТВ е посебна приказна. Ликовите кои се во партиско-фамилијарни спреги со МВРО доминираат во составот на ова тело, својствено на сите останати инсталации на Груевски, имаат навика да ги толкуваат законите на свој начин. Така, со истечен мандат, во јануари 2020 година, „ладно“ си распишаа конкурс за избор на членови на Надзорниот одбор. И сега, Програмскиот совет си прави конкурс за директор, иако со законските измени, мандатот им е продолжен на сите протагонисти на оваа ТВ сапуница, а не само на Грујовите „програмери“. Некој овде се прави наудрен или законите се како швајцарско сирење. Веројатно и обете.

Во меѓувреме, нашиот јавен сервис останува ТВ Бастилја, медиумски чир во кој, под иста опна, виреат сите официјални и неофицијални национализми преточени во лоша и здодевна програма.

Чекајте, а зошто не оставка токму на Програмскиот совет на МРТВ? Тоа би било чесен потег. Така и Собранието ќе ја забрза постапката, па целиот пакет – директор, заменик и Програмски совет – ќе го испратиме во историјата. Или барем инсталацијата на Груевски, бидејќи во Програмскиот совет има и супер професионални ликови од кои МРТВ може нешто и да научи. Но, можеби треба да почекаме за таков развој на настаните, имајќи ја (по)големата слика пред очите…

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.
Next Post

Заев со амбасадорите на ЕУ – членките: Поддршката за јасната ЕУ-перспектива на Северна Македонија е наша најсилна мотивација

Најново

Фото: Лилјана Алтипармакова, ФБ

Почина Лилјана Алтипармакова, новинарка и уредничка во МРТВ

April 21, 2026
Венко Филипче и Зоран Заев на прослава на 35-от роденден на СДСМ (фото извор: ВМРО-ДПМНЕ)

Заев се појави, ВМРО-ДПМНЕ „докажа“. Што тоа?

April 21, 2026
Фото: NASA/Jessica Meir

НАСА: Артемис II ги исполни клучните цели, следува Артемис III

April 21, 2026
Madonna i Sabrina Carpenter. Фото: Скриншот, видео Coachella 2026

На Мадона ѝ исчезнале модни парчиња по настапот со Сабрина Карпентер на фестивалот Коачела

April 21, 2026
Фото: Фронтлајн, генерирано со ВИ

Договорот за крај на војната со Иран изгледаше блиску. Потоа Трамп почна да објавува на социјалните мрежи

April 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk