Во Владата на Република Северна Македонија вчера се одржа редовниот годишен состанок на шефовите на дипломатските мисии на земјите членки на ЕУ во нашата земја. „Едногласната поддршка на амбасадорите на земјите членки на ЕУ за јасната перспектива на Северна Македонија како членка на ЕУ на состанокот е најсилната мотивација за нашите реформи за да ги донесеме европските вредности дома“, рече премиерот Заев.
Шефовите на дипломатските мисии на земјите-членки на ЕУ во земјава предводени од евроамбасадорот Дејвид Гир, денеска, на редовниот годишен состанок со премиерот Зоран Заев, покажаа посебен интерес за активностите за решавање на отворените прашања со Република Бугарија поради кои не се постигна консензус за преговарачката рамка за Северна Македонија во Брисел. На состанокот, како што соопшти Владата, беше истакнато неподелено мислење дека процесот треба колку што е можно побрзо да продолжи и да заврши со старт на преговорите за членство на земјава во ЕУ.
Кога силно им сметаш на ДПМНЕ, не им останува ништо друго освен да шират лажни вести. Ова е типичен пример за лажни вести платени со крадени пари од народот, напиша Коста Костадинов од СДСМ на Фејсбук.
ВМРО-ДПМНЕ, преку својата партиска постава во МРТ, притиска незаконски да се избере директор. Но, дали членовите на Советот, инаку сите избрани во време кога на власт беше ВМРО ДПМНЕ, ќе ги интересира законот, или тие имаат наредба за спроведат партиска агенда, да го реализираат она што го замислил Христијан Мицкоски, а тоа е да изврши упад и да ги присили членовите да распишат конкурс, иако тоа не е законски.
Професорот Љубомир Фрчкоски посочи дека ние не можеме да ги видиме важните елементи, а како пример ја посочи групата од Велес која ширеше лажни вести. Ние не сме направиле истражувачко новинарство, тоа се двајца мои студенти. 1,5 милиони долари направи едниот со ширење на лажни вести на сајтот на Конзервативците, и тоа со две вести.
Утре престанува да важи рестриктивната мерка за угостителите. Тие ќе може повторно да работат до 21 часот, но, дали ќе има продолжување за уште два часа, до 23:00, како што бараат, ќе се знае идната недела.
ФРОНТ:
Операција „Зароби ја МРТВ”– пишува Џабир Дерала
Што ли ќе ги советува „келнерот“ во Будимпешта?! – пишува Сашо Орданоски/ Цивил медиа
Сексуално образование или планирање на семејство – да прочитаме за да разбереме. Институтот за семејни студии на својот фејсбук профил отвори една анкета во која постави скандалозно прашање и го израмни предметот сексуалното образование со предметот планирање на семејство и ги замоли своите следбеници да гласаат на истата. Институт за семејни студии – Institute of Family Studies е најнов член на Филозофскиот факултет. Анкетата набрзо беше повлечена, иако не доволно брзо пред да наиде на остри критики на социјалните мрежи. Во коментарите, можеа да се прочитаат погрдни зборови за одредени групи на луѓе, целосна стигматизација, навредување на истите, говор на омраза кој потикнува насилство – само поради еден единствен факт, а тоа е не разбирање на „Сексуално образование”.
Новоизбраниот претседател на САД, Џозеф Бајден денеска ќе положи заклетва во Вашингтон и официјално ќе стане 46-ти претседател на таа држава. Церемонијата на инаугурацијата наречена „Обединета Америка“ нема да биде како претходните инаугурации, бидејќи организаторите и локалните власти во Вашингтон ги повикаа Американците да не доаѓаат, туку да ја следат церемонијата преку интернет во своите домови.
Доналд Трамп ќе биде првиот претседател на САД во изминатите неколку децении што си заминува од функција а кој нема да присуствува на инаугурацијата на својот наследник. И други претседатели на САД не присуствувале на инаугурацијата на новиот претседател, вклучително и четворица шефови на држави кои беа убиени за време на мандатот: Абрахам Линколн (1965),Џејмс Гарфилд (1881), Вилијам Мекинли (1901) и Џон Кенеди (1963).
M.M.