Професорот Љубомир Фрчкоски во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 посочи дека ние не можеме да ги видиме важните елементи, а како пример ја посочи групата од Велес која ширеше лажни вести.
„За групата што шири лажни вести од Велес. Ние не сме направиле истражувачко новинарство, тоа се двајца мои студенти. 1,5 милиони долари направи едниот со ширење на лажни вести на сајтот на Конзервативците, и тоа со две вести.
Сакам да кажам колку има отсуство на самосвест за тоа што е важно во државава, на крајот што е интересно.
Доаѓаат од американскава операција, четворица прават извештај, така дознав кои се сите имиња и колку пари заработиле“, вели Фрчкоски.