ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

ВМРО-ДПМНЕ, преку својата партиска постава во МРТ, притиска незаконски да се избере директор

January 20, 2021 00:19
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

За утре изутрина е закажана седница на Програмскиот совет при НРТВ (МРТ), надлежен орган за избор на директор на јавниот сервис, со цел да се разгледа можноста да распишување конкурс на нов директор. Но, ако Советот се дрзне тоа да го направи, целиот процес ќе биде спротивен на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Но, дали членовите на Советот, инаку сите избрани во време кога на власт беше ВМРО ДПМНЕ, ќе ги интересира законот, или тие имаат наредба за спроведат партиска агенда, да го реализираат она што го замислил Христијан Мицкоски, а тоа е да изврши упад и да ги присили членовите да распишат конкурс, иако тоа не е законски.

Ваквиот обид на Програмскиот совет, според професорот по управно право Борче Давитковски е спротивен на Законот за  аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, пренесува порталот 360 степени.

„Одредбата е јасна. Прво да се изберат органите, па директорите. Ним по сила на закон им е продолжен мандатот. Не може да бираат нов директор кога на постојниот му е врзан мандатот со мандатот на Програмскиот совет. Тие имаат мандат до избор на нов Програмски совет, што ќе распише оглас за избор на нов директор. Законодавецот тогаш по сила на закон им го продолжил мандатот сè до нов избор“, вели Давитковски за 360 степени.

Во членот 43 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги се наведува: „Постојните членови на Советот и директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, како и членовите на Програмскиот совет и директорот и заменик на директорот на МРТ ја вршат функцијата до изборот на членови на Советот и директор на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, како и членови на Програмскиот совет и директор и заменик на директор на МРТ.“

Некои експерти коментираат дека преку Програмскиот совет, врз кој сè уште контрола има ВМРО ДПМНЕ,  Мицкоски се обидува да ја задржи партизираноста на националниот сервис. Ако Советот одлучи да распише конкурс и ако го спроведе извесно е дека ќе биде избран приврзаник на опозицијата, а тоа ќе биде направено спротивно на закон.

Дека нешто е погрешно во целата ситуација потврдува и актуелниот директор на јавниот сервис, Марјан Цветковски, кој за 360 степени предупредува дека таква одлука би можела да ја блокира работата на МРТ. Инаку, Цветковски е избран на позицијата директор токму од овој Програмски Совет и важи за кадар на ВМРО ДПМНЕ. Советот за утре има закажано седница за да одлучи дали ќе биде распишан конкурс за избор на директор.

Актуелниот директор на МРТ (НРТВ), Марјан Цветковски, смета дека законот е јасен. Тој предупредува дека евентуален избор на негов наследник, пред Собранието да го изгласа новиот состав на Програмскиот совет, може да има негативни последици врз работата на јавниот сервис.

„Сериозен проблем е како Советот ќе постапи – дали според закон или по нивно некакво убедување. Јас и досега сум ги почитувал одлуките на Програмскиот совет, но треба да се има предвид дека една таква одлука е сериозно дискутабилна и може да предизвика сериозни последици во понатамошното функционирање“, вели Цветковски за „360 степени“.

Инаку, изборот на нови раководни тела на МРТ и на АВМУ е во процедура во Комисијата за избори и именувања, уште за време на претходниот состав на Собранието, кога со ова тело раководеше пратеник од опозицијата.

Претседателот на Комисијата, Костадин Костадинов, за „360 степени“ вели дека со оглед на новиот собраниски состав, постапката за избор на членови на раководните органи на МРТ и на АВМУ ќе мора да почне одново.

„Согласно Деловникот, сите акти што се преземени од претходен парламентарен состав, со изборот на нов, прекинуваат и мора да се распишат одново. Во духот на демократските вредности, во координација и комуникација со координаторите на пратеничките групи во Собранието и претседателот на Собранието, Талат Џафери, а согласно со нашите деловнички можности и законски обврски, ќе делуваме по овие две точки“, изјави Костадинов.

Во актуелниот состав на Програмскиот совет на МРТ членуваат Смилка Јанеска-Саркањац, Ведат Мемедалија, Снежана Клинчарова, Ристе Панов, Златко Јанковски, Ивана Трајковска, Косана Мазнева-Николиќ, Јагнула Куновска, Анита Латифи, Гајур Рамадани, Илир Рамадани и Селим Керим. Со еден збор, тело во кое е вгнездена проверена партиска екипа на ВМРО-ДПМНЕ преку која Мицкоски ќе се обиде и понатаму  да ги влече конците во јавниот сервис.

Д. Е.

Next Post

Ведро и многу студено, утринските температури под нула

Shortcut

Најново

А бе стока народ сме!

October 2, 2026

Руска пропагандна мрежа под удар на АНБ: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026
Урсула фон дер Лајен, 16 септември 2026 (фото: ec.europa.eu)

Фон дер Лајен доаѓа во Скопје, Мицкоски нуди дијалог: Уставните измени остануваат клучниот чекор кон ЕУ

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

September 30, 2026

Антитерористичка акција во Скопје, петмина приведени, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нема добар ПР за лоша политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градот останува, животот исчезнува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk