ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Бајден и сопругата пешачеа до Белата куќа

January 21, 2021 00:11
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

По церемонијата на полагање венец на Гробот на незнајниот војник на Националните гробишта Арлингтон, американскиот претседател Џо Бајден вечерва пешки дојде до Белата куќа, минувајќи низ главните, добро обезбедени, улици на Вашингтон, каде на неколку пункта имаше и граѓани.

Неговото претседателско возило со регистерски таблички „46“ во чест на 46-от претседателски мандат, вечерва, запре на еден блок до Белата куќа по што Бајдем сопругата, членовите на неговото семејство и обезбедувањето пешки дојдоа до Белата куќа, застанувајќи и разговарајаќи со граѓани кои беа на импровизираната платофрма наспроти Белата куќа.

Тој претходно, во првиот твит од службениот налог на Твитер, напиша дека нема време за губење и дека веднаш ќе се зафати со работа. Треба да потпише 17 извршни наредби со кои вон сила става одреден број претходни укази на досегашниот претседател Доналд Трамп.

Првите извршни  наредби што ќе ги потпише се за враќањето на САД во Парискиот договор за климата и Светската здравствена организација, изјавија утринава соработници на новоизбраниот американски претседател.

– Со тоа ќе се ослободи од политиката на претседателот Доналд Трамп и ќе постави нови насоки за имиграцијата, животната средина, борбата против Ковид-19 и економијата, наведоа соработниците на Бајден.

Со потезите од првиот ден, тој ќе стави крај на многу нападнатата забрана на Трамп за посетители од муслимански земји и ќе ја запре изградбата на ѕидот на границата меѓу САД и Мексико за спречување на илегалната имиграција.

Тој, исто така, ќе постави мандат за носење маски на федерални имоти за да се запре ширењето на Ковид-19; ќе врати заштити на природните резервати отстранети од Трамп; и ќе бара замрзнување на иселувањата и заштита на милиони луѓе со хипотеки кои беа погодени од пандемијата на коронавирусот. Тој исто така планира да испрати предлог-закон до Конгресот за обнова на имиграциската политика и да им даде на милиони мигранти без документи кои живеат во земјата пат до државјанство што администрацијата на Трамп го оспоруваше.

Претходно, уште додека беше во Капитолл, Бајден потпиша три документи:  прокламација за инаугурацијата, за номинирање на членовите на неговиот кабинет и номинација за другите вработени во кабинетот.

Next Post

Бајден го прочита писмото од Трамп и ги потпиша првите 17 извршни наредби

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk