ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Младата американска поетеса Аманда Горман „го украде шоуто“ на инаугурацијата на Џо Бајден

January 21, 2021 15:32
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Помеѓу највпечатливите моменти од Денот на инаугурацијата на новиот американски претседател Џо Бајден беше изведбата на младата поетеса Аманда Горман, која изведувајќи ја својата поема со моќен и енергичен настап, повика на единство и заедништво. По нејзиниот настап Аманда стана инстант супер-ѕвезда во САД, но и ширум светот. Вели дека самата еден ден ќе стане Претседателка на САД, информира Мета.мк.

Таа во свој посебен стил ја изведе нејзината авторка песна „Ридот по кој се искачуваме“ (The Hill We Climb) на истото место каде пред две недели ијладници поддржувачи на поранешниот претседател Доналд Трамп насилно влегоа во Конгресот на САД. Горман својата поема ја пишувала токму за време на нередите во Капитол хил.

Таа на 22 години стана најмладата поетеса која некогаш настапила на претседателска инаугурација, придружувајќи им се на поети како Роберт Фрост и Маја Ангелоу.

Горман својата поема ја започнува со прашањето: „Кога ќе дојде денот, каде можеме да најдеме светлина во оваа бесконечна сенка?“, по што како одговор ја користи и сопствената животна приказна.

Таа при рецитирањето се опишува како „слабо црномуресто девојче кое потекнува од робови, израснато од самохрана мајка, кое може да сонува за да стане претседател, само за да се најде себеси како рецитира за еден“.

„Научивме дека тишината не секогаш значи мир… Видовме сила што ќе ја разбие нашата нација наместо да ја сподели, што ќе ја уништи нашата земја ако тоа значеше одложување на демократијата“, вели Горман во поемата, осврнувајќи се кон немирите во Капитол од пред две недели, а потоа продолжува: „Но, демократијата може да биде периодично одложена, никогаш не може да биде трајно победена“.

Инаугуративниот тим на новиот американски претседател Џо Бајден ја контактирал Горман кон крајот на минатиот месец за да напише и изведе поема за единството во САД. Горман за американските медиуми изјавила дека се измачила да ја напише поемата, но случувањата при немирите од 6 јануари ја поттикнале да ја заврши.

Аманда Горман е родена во Лос Анџелес во 1998 година и како мала имала пречки во говорот, па затоа почнала да пишува.

Иако е млада, таа веќе има неколку признанија и награди за своите поеми. На свои 16 години добила признание за млад поет-лауреат на Лос Анџелес, а три години подоцна, за време на нејзините студии по социологија на Харвард станала прв лауреат на наградата за Национален млад поет.

Во 2015 година ја објавила својата прва книга насловена „Оној за кого храната не е доволна“ (The One for Whom Food Is Not Enough), која само неколку часа по изведбата на инаугурацијата станала бестселер на „Амазон“, заедно со втората книга која Горман ја најави за подоцна годинава.

Изведбата на „Ридот по кој се искачуваме“ поттикна многу реакции и емоции, а помеѓу оние што ја пофалија беа и Опра Винфри, Мишел Обама и Хилари Клинтон.

Веднаш по нејзиниот настап Горман го сподели твитот со поддршка од најпознатата ТВ водителка во САД, Опра Винфри.

„Благодарам! Не би стигнала никаде без жените по чии стапки танцувам. Додека ја рецитирав мојата поема, носев прстен со птица во кафез – поклон од Опра за оваа прилика да ја симболизирам Маја Ангелоу, која исто така беше поетеса на една од инаугурациите. Ова е за жените кои се искачувале по овие ридови претходно“, напиша Горман.

„Со нејзините силни и трогателни зборови, Аманда Горман нè потсети на моќта што секој од нас ја има во задржувањето на нашата демократија. Продолжи да сјаеш, Аманда! Едвај чекам да видам што следно ќе направиш“, напиша Мишел Обама, сопругата на поранешниот претседател на САД, Барак Обама.

„Зар не беше поемата на Аманда Горман едноставно зачудувачка? Таа вети дека ќе се кандидира за претседател во 2036 година и јас едвај чекам тоа да се случи“, напиша поранешната државна секретарка Хилари Клинтон, сопруга на поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон.
Американските медиуми јавуваат дека идејата да се покани Горман да изведе свое дело на инаугурацијата била на сопругата на претседателот Бајден, првата дама Џил Бајден.
 
Поемата на Горман само неколку часа по изведбата на инаугурацијата се најде и на една од најпознатите радио станици во Сиетл, придружена од музика од песна на фанк-рок ансамблот „Полиритмикс“ (Polyrhytmics).
Next Post

Грција очекува дополнително зајакнување на грчко-американските односи со новата администрација на САД

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk