Директорот на Царинската управа, Горан Сугарески и Ема Харпер, претставник на Британската Амбасада во Скопје, остварија протоколарна средба, известуваат од Царинската управа.
Средбата била иницирана од страна на Британската Амбасада во Скопје со цел запознавање со новиот директор на Царинската управа, а акцентот беше ставен на досегашната успешна соработка помеѓу македонската и британската Царина.
Ема Харпер го информираше директорот Сугарески за идните планови за соработка меѓу царинските служби во домен на размена на информации, искуства, знаења во борбата за сузбивање на недозволив проток на стоки, нелегална трговија со дроги и други опојни супстанци и други облици на криумчарење, известуваат од Царинската управа.
Сугарески и Харпер изразија подготвеност за зајакнување на соработката за царинските прашања и постојана взаемна комуникација на сите нивоа.