Министерството за внатрешни работи известува дека во текот на вчерашниот ден биле санкционирани 202 возачи само на територијата на Скопје.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 202 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 17санкции, 19мерки затехнички неисправни и нерегистрирани возила, 22за користење на мобилен телефон. Изречени се седум санкции за непочитување на брзината на движење, пет за минување на затворен сигнал (црвено светло), 58 мерки за непрописно паркирани возила и 20 санкции за неносење заштитна маска, информираат од МВР.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од МВР и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.