ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пладневен преглед: Владата објави список на плати на премиерот, вицепремиерот и министрите, Општина Центар со донација за Петриња и Сисак

January 22, 2021 12:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Владата ги објави платите на премиерот, вицепремиерите и министрите. Најголема плата зема премиерот Заев, чија основна плата е 78.840 денари, а со пресметан стаж од 22 години неговата плата изнесува 87.813 денари. По премиерот  министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој зема  85.113 денари личен доход (со 18 години стаж). На третото место е Јагода Шахпаска, министерката за труд и социјална политика, со 74.273 денари.

Наша цел е по најавениот попис на населението во април, следниот попис да биде исклучиво базиран на податоци од регистри, изјави вечерва директорот на Заводот за статистика, Апостол Симевски.

Го имаме најтранспарентниот процес на креирање на реформа, рече Царовска. Сè што ќе направиме за образованието е подобро од тоа што е денеска, заради тоа што нашите резултати на меѓународните тестирања како и на домашните тестирања, покажуваат функционална неписменост на нашите ученици. Сепак, тие не се помалку интелигентни од другите ученици, но им треба квалитетно образование кое ќе ги донесе до врвот, додаде.

Заедно со средношколците ќе работиме на нова концепција за полагање матура, вели Царовска. Царовска вели дека за годинава полагањето ќе се спроведе според концепцијата утврдена уште на стартот на учебната година, а за тоа навреме се информирани матурантите.

ФРОНТ:

,,Со топовска завршница и по муви и по слонови”– пишува Сашо Орданоски/ ЦИВИЛ

Македонските аеродроми лани „изгубиле“ 1,9 милиони патници поради Ковид-19. Според податоците на Државниот завод за статистика, во изминатите 12 месеци од двата аеродрома биле превезени 781.327 патници. Притоа, на Меѓународниот аеродром Скопје имало 709.241 патник, додека лани низ портите на охридскиот аеродром минале 72.086 патници.

Советот на Општина Центар донесе одлука да додели парична помош во висина од 400.000 денари за граѓаните на Петриња и Сисак во Република Хрватска, по разорниот земјотрес кој се случи на 29 декември минатата година.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, не беше во можност да даде конкретен рок кога Западниот Балкан може да очекува вакцини преку ЕУ или преку механизмот Ковакс. Но одговори дека тоа ќе се случи „најбрзо што може“ и увери дека солидарноста со третите земји останува приоритет за ЕУ.

 

М. М.
Next Post

Пресечен меѓународен канал за транспорт на наркотична дрога, запленети околу 40 кг марихуана (ВИДЕО)

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Реал Мадрид го доби „Ел Класико“ – славеше со 2:1

October 26, 2025

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk