Владата ги објави платите на премиерот, вицепремиерите и министрите. Најголема плата зема премиерот Заев, чија основна плата е 78.840 денари, а со пресметан стаж од 22 години неговата плата изнесува 87.813 денари. По премиерот министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој зема 85.113 денари личен доход (со 18 години стаж). На третото место е Јагода Шахпаска, министерката за труд и социјална политика, со 74.273 денари.
Наша цел е по најавениот попис на населението во април, следниот попис да биде исклучиво базиран на податоци од регистри, изјави вечерва директорот на Заводот за статистика, Апостол Симевски.
Го имаме најтранспарентниот процес на креирање на реформа, рече Царовска. Сè што ќе направиме за образованието е подобро од тоа што е денеска, заради тоа што нашите резултати на меѓународните тестирања како и на домашните тестирања, покажуваат функционална неписменост на нашите ученици. Сепак, тие не се помалку интелигентни од другите ученици, но им треба квалитетно образование кое ќе ги донесе до врвот, додаде.
Заедно со средношколците ќе работиме на нова концепција за полагање матура, вели Царовска. Царовска вели дека за годинава полагањето ќе се спроведе според концепцијата утврдена уште на стартот на учебната година, а за тоа навреме се информирани матурантите.
ФРОНТ:
,,Со топовска завршница и по муви и по слонови”– пишува Сашо Орданоски/ ЦИВИЛ
Македонските аеродроми лани „изгубиле“ 1,9 милиони патници поради Ковид-19. Според податоците на Државниот завод за статистика, во изминатите 12 месеци од двата аеродрома биле превезени 781.327 патници. Притоа, на Меѓународниот аеродром Скопје имало 709.241 патник, додека лани низ портите на охридскиот аеродром минале 72.086 патници.
Советот на Општина Центар донесе одлука да додели парична помош во висина од 400.000 денари за граѓаните на Петриња и Сисак во Република Хрватска, по разорниот земјотрес кој се случи на 29 декември минатата година.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, не беше во можност да даде конкретен рок кога Западниот Балкан може да очекува вакцини преку ЕУ или преку механизмот Ковакс. Но одговори дека тоа ќе се случи „најбрзо што може“ и увери дека солидарноста со третите земји останува приоритет за ЕУ.