ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Во фирми во Охрид државата преку сет-мерки и Центарот за вработување вложила 27 милиони денари

January 22, 2021 16:27
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Преку сет-мерките и Центарот за вработување во Охрид од државната каса се инвестирани над 27 милиони денари.

Според в.д. директор на Центарот за вработување во Охрид Пецо Павловски и м-р Линда Ахмед, соработник за правни и административни работи во Центарот, анализираните резултати од спроведените Активни мерки од Оперативниот план на Владата за 2020 година во Општина Охрид, изминатата кризна година мерката финансиска поддршка на мали и средни претпријатија ја искористиле 34 фирми за 44 лица, за набавка на опрема и репро материјали во вкупен износ од над два милиони денари. Тоа се неповратни средства од кои за млади лица до 29 години по 92 илјади денари, а за другите лица по 153.750 денари по лице.

Мерката Субвенционирање на плати во 2020 година ја искористиле 27 фирми за 40 вработувања и тоа по 228 илјади денари од лице или вкупно искористени средства по овај основ изнесува 9,1 милиони денари. Тоа се неповратни средсва со кои се субвенционираше бруто плата во износ од 19 илјади денари по лице за период од 12 месеци.

Мерката практиканство за млади до 24 години по три месеци ја искористиле вкупно 47 фирми за 52 практиканти. И тоа по девет илјади денари за лице или вкупно 468 илјади денари на ниво на Општина Охрид за 2020 година.

Мерката Самовработување со грант-основање сопствен бизнис со неповратни средства, во опрема или репро-материјал во висина од по 307.500 денари по лице минатата година година ја искористиле 44 лица кои основале 37 фирми. Вкупниот износ на тие искористени неповратни средства во 2020 година на ниво на Општина Охрид изнесува 13,5 милиони денари.

Само со односните мерки што се дел од Оперативниот план за 2020 година во Општина Охрид биле искористени вкупно 27,4 милиони денари.

Според директорот Павлоски, мерките ќе продолжат и оваа 2021 година со новиот Оперативен план што е пред финална фаза на донесување.

Податоците говорат дека со Оперативниот план за 2020 година на ниво на Република Северна Македонија се опфатени 10.953 невработени лица, а се реализирани милијарда и 270 милиони денари, од кои 650 милиони денари за поддршка за креирање на нови работни места.

Мерката за самовработување се посочува како една од најдобрите и најуспешните, со 98,5 отсто реализираност. Преку мерките доделување грантови во износ од пет до десет илјади евра, преку субвенционирање на плати и вработување и раст на правни субјекти се вработиле околу четири илјади лица.

 

/МИА/

Next Post

Адвокати во Њујорк побараа одземање на адвокатската лиценца на Руди Џулијани

Shortcut

Најново

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk