„Да се прими јавна благодарност за личен придонес за отворање и развој на мали и семејни винарии е голема чест, но во исто време и дополнителен мотив, силен поттик. Особено ми е драго што иницијативата која ја започнав како министер за земјоделство дава резултати.“, објави на Фејсбук вицепремиерот Љупчо Николовски, по повод благодарницата што му ја доделија „Тиквешки семејни винарии“.
Николовски истакна дека секој наш придонес, во било која област, е влог во вистинските вредноси но можеби и најважно, во создавање подобри услови за живот, за работа, за подобро утре.
– Му благодарам на претседателот, Горан Јаковлевски и Тиквешки семејни винарии, напиша Николовски