ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Вакцинацијата не треба да биде трка меѓу земјите, ЕУ ќе обезбеди вакцини за Западен Балкан најбрзо што може, вели евроамбасадорот Гир

January 23, 2021 10:46
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Процесот на вакцинација на населението не треба да претставува трка меѓу земјите. Европа нема да биде безбедна се додека сите региони на Европа се безбедни. Сите ние сме засегнати и затоа, ЕУ е рамо до рамо со Западен Балкан и со Република Северна Македонија од почетокот на кризата. Унијата ќе обезбеди вакцини за Западен Балкан што е можно побрзо, изјави во интервјуто за МИА евроамбасадорот Дејвид Гир.

-На сите ни е јасно дека за да се излезе од пандемијата треба да се осигураме сите да имаат пристап до безбедни и ефикасни вакцини. Процесот на вакцинација не треба да претставува трка меѓу земјите. Сите сме засегнати. Претходно, стапката на заразени беше повисока тука на Западен Балкан отколку во ЕУ, а во моментов стапката е повисока во ЕУ во споредба со Западниот Балкан. Сигурен сум дека вие, и слушателите и гледачите, сте свесни за огромниот притисок со кој што се соочуваат членките на ЕУ додека започнуваат со вакцинација на населението, а истовремено се појави и мутација на вирусот со кој се зголеми бројот на новозаболени, посочи Гир.

Истакна дека и покрај предизвиците земјите од ЕУ се обврзаа дека ќе обезбедат вакцини, не прецизирајќи кога точно би било тоа.

-Претседателката на Европската комисија изјави во Брисел дека се надева дека тоа ќе биде наскоро. Можам да кажам дека Комисијата работи со земјите-членки за да ја организираат испораката, но не можам да прецизирам кога би било тоа. Но, ќе повторам дека ова е пример за поддршката која што ние ја обезбедуваме. Даваме поддршка уште од почетокот. Кризата трае речиси една година и секако ќе продолжи. Пораката до вас е дека тука сме од почетокот, за време на кризата, а и во иднина, вклучително и за процесот на вакцинација, рече Гир.

На прашањето на МИА дека иако добро замислен, сепак се покажа дека Ковакс механизмот не функционира добро при набавката на вакцини, Гир дециден дека тоа не е така, и оти ЕУ ја обезбеди досега најголемата помош од 3,3 милијарди евра за целиот регион за секоја од фазите и продолжува да обезбедува помош.

-Исто така, се обврза да обезбеди вакцини за Западен Балкан. Но, потребно е време за испорака. Како што реков, претседателкана на Европската комисија се надева дека тоа ќе биде што е можно побрзо, додаде евроамбасадорот.

Потсети дека минатата година ЕУ обезбеди повеќе од милион производи од медицинска заштитна опрема за Западниот Балкан. -Уште од почетокот обезбедуваме огрома помош. Исто така, знаете дека Европската комисија најави грантови во износ од 70 милиони евра за Западен Балкан да им помогне на земјите да ги покријат трошоците за набавка на вакцини од земјите-членки на ЕУ како дополнителна помош покрај механизмот Ковакс, истакна евроамбасадорот Гир во интервјуто за МИА.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во четвртокот не беше во можност да даде конкретен рок кога Западниот Балкан може да очекува вакцини преку ЕУ или преку механизмот Ковакс, јави дописничката на МИА од Брисел. На прашање на МИА дали може да каже јасно кога ќе пристигнат ветените вакцини во регионот, Урсула фон дер Лајен одговори дека тоа ќе се случи „најбрзо што може“ и увери дека солидарноста со третите земји останува приоритет за ЕУ.

Next Post

Акциска контрола на полицијата во Кавадарци и Неготино, изречени 93 мерки

Shortcut

Најново

Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

September 1, 2026

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026
Image: Bing Image Creator

Како вештачката интелигенција го менува нашиот живот: Фикцијата останува фикција, но Механизмот…

August 31, 2026
Фото: Томислав Георгиев

„Фолтин“ со јубилеен концерт во Хераклеа одбележа 30 години со публиката

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk