ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Ди Џовани: Пресудни за добриот образовен систем се мотивирани и компетентни наставници

January 25, 2021 15:27
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

УНИЦЕФ на Меѓународниот ден на образованието, ги повикува сите чинители да останат посветени на реформите во образовниот систем базирани на докази, при што учениците да бидат во центарот на промените, порача денеска претставничката на УНИЦЕФ Патриција ди Џовани по повод Меѓународниот ден на образованието.

Таа посочи дека денеска го прославуваме Меѓународниот ден на образованието со глобална тема „Да се обнови и да заживее образованието за генерацијата на КОВИД-19“.

-Истражувањата во светски рамки покажуваат дека главниот двигател на добрите резултати во образованието е квалитетот и компетентноста на наставата. Затоа, пресудни за добриот образовен систем се мотивирани и компетентни наставници. Образовниот систем, на чело со наставниците, треба да им помогне на учениците да стекнат знаење, притоа оспособувајќи ги да го користат знаењето, да развијат социјални и емоционални вештини, умешност за критичко и креативно мислење, самодисциплина, љубопитност и чувство на припадност и цел, рече Ди Џовани во изјава за медиумите.

Во моментов, додаде, земјата е во процес на реформа на образованието.

-Оттука, треба да има поголемо вложување во професионалниот развој на наставниците во и вон училиштето, со цел наставниците да добијат пристап до можности за учење и можности да напредуваат во кариерата. Потоа, треба да се зголеми времето што учениците го поминуваат во основно училиште; да се обезбедат услови за целосно вклучување на учениците со попреченост во редовниот образовен систем во согласност со Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, да се зајакнат критериумите за избор на кандидати за идни наставници на наставничките факултети, давајќи им предност на оние со добри познавања и вештини за квалитетна настава, и да се стави фокус врз ефективна и ефикасна распределба на средствата, обезбедувајќи праведно финансирање и повисоки финансиски средства за училиштата воопшто, препорача таа.

Сега, потенцира, е време да се зајакне соработката и националната солидарност, а образованието да биде фокус на обновување и трансформација во насока на поквалитетна настава и учење за сите деца и млади за време на пандемијата на КОВИД-19 и потоа, во фазите на закрепнување.

-Време е да се инвестира во подобар образовен систем со цел образованието да стане средство за негување социјална правда, мир, почитување на различноста, човековите права и демократските вредности, потенцира Ди Џовани.

Потсети дека пандемијата на КОВИД-19 предизвика невидено нарушување на образованието во светот.

-Нееднаквиот пристап до можностите за далечинско учење, загубата на приходи во домаќинствата, дискриминацијата и слабите услуги на социјална заштита значат дека најранливите деца заостануваат далеку зад своите врсници и многу од нив се во ризик од целосно напуштање на образованието, рече Ди Џовани.

Треба да имаме на ум, посочи, дека дури и пред КОВИД-19, постоеше образовна криза, при што според последните резултати на ПИСА, над половина од петнаесетгодишните ученици во земјава не успеаја да покажат дека ги совладале основите на читање и математика.

-Во нашата скорешна анализа на образовниот систем во земјата, спроведена заедно со ОЕЦД, беа посочени главните причини за негативните трендови во образовните резултати, од кои следниве се меѓу најважните – Иницијалното образование за наставници не ги оспособува новите наставници со минимум наставнички компетенции; Наставниците не добиваат доволно можности за континуиран професионален развој и напредување во кариерата; До 14-та година од животот, учениците во основното образование добиваат речиси 900 часови помалку настава споредено со другите земји на ОЕЦД; Оценувањето не е засновано на утврдени национални наставни стандарди и не пренесува веродостојни и целесообразни информации за успехот на учениците; Само 28 проценти од децата со попреченост посетуваат основно образование; Нема доволно финансиски средства за поддршка на висококвалитетна настава и обезбедување подобри можности за учење на сите ученици, заклучи Ди Џовани.

Токму поради ова, потенцира, без амбициозни зафати во образованието, пандемијата на КОВИД-19 уште повеќе ќе ја продлабочи сегашната образовна криза, со катастрофални последици по генерации ученици, како и по економската продуктивност и социјалната кохезија во земјата.

Next Post

ДИК: За спроведување на Локалните избори предвидени 263 милиони денари

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk