ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ДИК: За спроведување на Локалните избори предвидени 263 милиони денари

January 25, 2021 15:33
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Државната изборна комисија на денешната прва јавна седница во новиот состав ја усвои финанскиската програма за јавни набавки за 2021 година за спроведување на Локалните избори годинава во износ од 263 милиони денари.

Претседателот на ДИК Александар Даштевски изјави дека овие средства можеби нема да бидат доволни поради тоа што во некои општини ќе треба да се спровдат два круга на гласање, а ќе се избираат и советници и градоначалници. Сепак, ставките се, вели, усогласени и би требало да се покријат потребите.

Во однос на средствата од три милиони денари кои не им се доделени од Министерството за финансии, Комисијата одлучи барањето повторно да биде доствено до истото Министерство. Појаснија дека станува збор за набавка на техничка опрема за евиденција и идентификација на гласачите и за електронски избирачки список – обврска согласно измените на Изборниот законик од 16 02 20220 (член 108 а и член 45)

– Станува збор за фингер-принтери кој ќе ја олесни идентификацијата на галасачите, при што би требало да има софтвер со кој гласачот веднаш се идентификува, со што ќе се скрати постапката и ќе се врати довербата на гласачите во избирачкиот процес. Тоа е една од неколкуте  мерките кои ги планираме за враќање на довербата на гласачите, рече Даштевски.

ДИК го усвои и годишниот план за вкупните потреби за јавни набавки за 2021 година, односно за потребите за платите и за тековното работење на комисијата во износ од 77.297.000 денари. Сите набавки ќе одат преку електронскиот систем за јавни набавки на Бирото за јавни набавки, вклучувајќи ги тука и оние за организирање на Локалните избори 2021 година.

-Набавките и оваа година ќе бидат транспарентни и може ќе се намалат цените заради поголемата конкурентност. Поголемиот дел од набавките за овие избори ги делиме заедно со општините каде ќе се спроведуваат изборите. Што се однесува до ОИК, избирачките одбори нивниот траснпорт до избирачкото место го плаќаат општините, додека техничкиот дел или материјалот спаѓа на товар на ДИК, рече потпретседателката на ДИК Дитмире Шеху.

Меѓу ставките за набавки на стоки и услуги за изборите, се 2,5 милиони денари за средства за обележување и проверка на гласачите, за набавка на нови и надградба на постојните софтверски решенија два милиони денари, за изработка и печатење на доверлив изборен материјал и избирачки список 42 милиони денари, за дизајнирање прирачници и едукација на изборните органи 900.000 денари, избор на ПР агенција за обука на гласачи 2,8 милиони денари, и 1,2 милиони денари за закуп на мрежна опрема за поврзувае на ДИК со ОИК.

Една од најголемите ставки додаде членот на Комисијата, Борис Кондарко, се финасиските трошоци за видот на надоместоците кои ги определува ДИК со правилник за работа на изборните  органи, односно за преку 36.000 лица ангажирани во сите 3.500 избирачки одбори и 80 ОИК-ии, а коишто по Законот за локални избори, паѓаат на товар на општините кои треба да ги планираат овие средства во редовните годишни буџети.

За медиумска кампања за платено политичко рекламирање за Локалните избори 2021 предвидени се 170 милиони денари. Доколу има потреба од повеќе ќе побараат и дополнителни средства од Министерството за финансии, изјави Даштевски на новинарско прашање.

Next Post

За околу 35 % ќе се зголеми вредноста на дежурствата во ковид одделенијата во ГОБ „8 Септември“

Најново

Анаис. Мотив, Дојран

Дневен хороскоп со Анаис (1 мај): Процут на хармонијата и награда за балансот

April 30, 2026

Пад од 9 места за две години: Од „задоволителна“ Македонија премина во „проблематична“ зона за слобода на медиумите

April 30, 2026

Цеков ја напушти ЗНАМ и мнозинството, Филипче порача: Тендер-коалицијата почнува да се распаѓа!

April 30, 2026

Унгарски „Икарус“ и австриска „ЕВН“ избрани за набавка на 150 нови електрични автобуси

April 30, 2026

Мицкоски: Очекувам многу скоро информација од Брисел со која од последни, повторно ќе сме фронтранери во регионот 

April 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk