ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Бајден уверен дека Северен поток 2 е лош договор за Европа

January 26, 2021 21:33
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Американскиот претседател Џо Бајден смета дека проектот Северен поток 2 е лош договор за Европа, изјави портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.

– Претседателот и понатаму смета дека Северен поток 2 е лош договор за Европа, одговори Псаки на новинарско прашање дали гасоводот бил тема на денешниот телефонски разговор меѓу Бајден и германската канцеларка Ангела Меркел и каков е ставот на новата администрација за тој проект.

Таа додаде дека во Белата куќа е познато оти претходната администрација вовела нови ограничувања на активностите поврзани со гасоводот.

– Ќе ги анализираме тие мерки и претседателот планира да ги продолжи консултациите со нашите европски партнери околу тоа прашање, нагласи портпаролката.

Проектот Северен поток 2 подразбира изградба на два кратки гасовода, чиј вкупен капацитет изнесува 55 милијарди кубни метри гас годишно, од брегот на Русија, преку Балтичко Море, до Германија. Во изградбата на гасоводот учествуваат голем број европски компании.

Против изградбата на Северен поток 2 активно се бори Украина, која стравува дека ќе изгуби приходи од транзитот на руски гас, како и повеќе европски земји, вклучително Полска, Летонија и Литванија, но и САД кои сакаат да го продаваат својот течен природен гас во ЕУ. Вашингтон смета дека ова е политички проект, кој претставува закана за енергетската безбедност на Европа.

САД на 19 јануари воведоа санкции против бродот „Фортуна“ кој учествува во изградбата на гасоводот Северен поток 2, како и сопственикот на бродот, компанијата КВТ-РУС.

 

/МИА/
Next Post

Поплави во Албанија, Мета бара итно ангажирање на сите структури

Најново

Фото: Скриншот, видео N1

Рундек со мини-концерт во Белград им даде поддршка на студентите со „Ay Carmela“

May 8, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Викенд хороскоп на Анаис за 9 и 10 мај 2026: Социјална динамика и нови идеи

May 8, 2026
Фото: Скриншот од war.gov/UFO

Трамп објави тајни досиеја за НЛО: „Народот сам нека одлучи што по ѓаволите се случува“

May 8, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дали светот се соочува со нова пандемија: Што се случува со хантавирусот на крузерот „Хондиус“?

May 8, 2026

Советничка на ЗНАМ ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, преминува во опозиција

May 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk