ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Николовски: За случајот со д-р Асани поведена постапка пред ОЈО

January 27, 2021 14:11
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Веќе е поднесена иницијатива  до Основното јавно обвинителство за случајот со директорот на болницата во Струга д-р Мухамед Асани  и тој е повикан денеска во Владата, потврди денеска вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски.

Државниот  санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) во текот на вчерашниот ден на д-р  Асани му издаде решение за забрана за вршење на здравствена дејност во ординацијата која се наоѓа во неговиот дом. Стручен надзор за случајот врши и Лекарската комора.

-Да, веќе е поднесена иницијатива до ОЈО, тоа мислам Инспекторатот го направи вчера. Јас бев во целосна комуникација и координација со директорката на ДЗСИ, тимовите ги разгледаа сите прозивки, односно сите материјали, документи, информации коишто беа доставени до мене и до ДЗСИ, веднаш се реагираше на терен, направен е инспекцискиот надзор. Констатирано е дека таму постои ординација која што на некој начин е на диво и веднаш е дадено решение за забрана за вршење на дејноста во тие простории на докторот Асани. Стигнати се, како што кажавме, повеќе нотарски изјави каде што се констатира дека по 15 часот се вршени прегледи во тие простории каде што вчера веќе ДЗСИ даде решение за забрана и веќе е покрената постапка согласно закони до ОЈО, веќе се проследени сите документи и информации, рече Николовски, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој ги охрабрува граѓаните да пријавуваат вакви случаи за да можат институциите да постапуваат навреме.

-Веднаш реагиравме како Кабинет институционално со носење на сите одлуки со проследување на овој случај до ОЈО. За сите понатамошни информации денеска во Влада е повикан и директорот на оваа болница и секако дека ќе се преземат сите мерки коишто треба, но клучна е и постапката која што треба да се води преку институциите. Но, особено охрабрување да сите вакви случаи навистина ги разрешиме и да ставиме ред во овој контекст, така што преземени се сите активности во поглед на ова прашање, изјави Николовски.

Прашан дали Асани ќе биде разрешен, истакна дека секој ваков случај треба да се расчисти до крај и оти е клучно што веќе е поведена постапка до ОЈО.

-Институциите за брзо ефикасно време си ја завршија целата работа, проследени се сите пријави, материјали и информации, издадено е решени за забрана и секако дека ќе бидат преземени сите работи кои треба да се констатираат. Ова е направено на база на инспекцискиот надзор, а она што го знам од министерот за здравство е дека се очекува и стручниот надзор на Лекарската комора којшто е во таа болница и очекувам дека брзо и ефикасно ќе го завршат за да може до крај да расчистиме со секој случај. Секако дека кодексот за однесување на функцонерите на Владата е применлив и оваа Влада покажа и докажа од самиот почеток дека цврсто стоиме на тоа дека овие високи морални и етички вредности   и стандареди кои с евнесени во новиот кодекс, а се однесува првпат за сите избрани и именувани лица, рече Николовски.

Како што соопштија вчера од Кабинетот на Николовски, ДСЗИ во ординацијата која се наоѓа во домот на д-р Асани, веќе изврши вонреден инспекциски надзор со полициска асистенција, како што налагаат правилата за надзор во објект каде нема обележано дека постои приватна здравствена устанува. При надзорот, е констатирано комплетно опремена гинеколошка ординација, нерегистрирана, односно за која нема никаков документ, како што се потребните дозволи за работа и за основање на фирма. Во меѓувреме, до ДСЗИ се пристигнати четири нотарски заверени изјави од пациентки, кои потврдуваат дека докторот во ординацијата сместена во неговиот дом им вршел прегледи по 15 часот. Една од пациентките во изјавата посочува дека во истата ординација, докторот ја контролирал нејзината бременост уште пред осум години.

 

/МИА/
Next Post

Пендаровски се сретна со претставници на Агенцијата за остварување на правата на заедниците

НАЈНОВО

Хороскоп со Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 30 октомври

October 30, 2025

Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

October 30, 2025

Разговор на двајца аналфабети од градски политики

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа Фронтлајн и ВИ

    Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk