ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Коњановски како сведок за „организаторите на 27 април”: Ристовски има политичка дамка како поранешен член на ВМРО-НП

January 28, 2021 14:15
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Спиро Ристовски во 2017 година немал никаква функција во ВМРО-ДПМНЕ, ова го потврдија повеќе сведоци на денешното рочиште за судењето за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година.

Сведокот Зоран Коњановски, како долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека Спиро Ристовски во 2017 година немал никаква функција во ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи како што кажа Ристовски имал политичка дамка како поранешен член на ВМРО-НП.

Прашан дали бил член на вибер групи за комуникација меѓу функционери и членови, Коњановски рече дека бил и уште е дел од повеќе вибер групи, за размена на податоци, конкретно за проблеми во секторите во кои има познавање.

-Јас не сум учествувал во таква група со коментари кои се однесувале на протестите. На 27 април 2017 година бев во посета на општински комитет Валандово на средба со земјоделци, бидејќи бев препознаен како поранешен министер, изјави Коњановски.

На прашање од обвинителката Русковска, дали Ристовски имал политичка дамка кога бил назначен за министер, Коњановски рече дека во владата на ВМРО-ДПМНЕ имало лица кои биле поранешни членови и на СДСМ.

Сведокот Давор Политов, кој во 2016-17 бил вработен во МОН, додека заменик министер бил Спиро Ристовски, рече дека на 27 април 2017 година требало да имаат заеднички настан со министерот Пиштар Љутфиу – посета на студентскиот дом Пелагонија.

– Имавме вообичаена подготовка пред настанот, кој требаш да биде во 12 часот. Половина час пред тоа, од министерот Пиштар побараа дали може сами да го изведат настанот. Штом се одложи тој настан, Спиро рече дека ќе оди дома, каде имал некои обврски, зошто тогаш беа во процес на селидба. Јас останав до крај на работното време, по што си заминав дома, рече сведокот.

На протестите „За заедничка Македонија” рече дека присуствувал два пати, на сопствена иницијатива.

Втор сведочеше Ристов Драган, кој во 2016-17 бил претседател на општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ Делчево.

– Немаше одлука за поддршка на изборите, секој индивидуално си одлучуваше дали ќе учествува. Јас немам влијаено на членови на месни и општински комитети за учество на протестите, рече сведокот.

Тој посочи дека немал контакт со Спиро и Миле за организирање на лица за протестите, како и дека на 27 април 2017 година бил во Делчево.

Билјана Трајковска, која во 2017 година работела во МОН, како шеф на кабинет на заменик министерот Спиро Ристовски, рече дека на 27 април 2017 година, само што се вратила од патување во Италија, си пишале со Спиро кога треба да се врати на работа.

– Ми кажа дека дента планира да го посети министерот Абдулаким Адеми, кој бил болен, изјави сведокот.

Сведокот Игор Атанасовски, кој во 2017 година бил претседател на месен комитет на ВМРО-ДПМНЕ Трубаерово, рече дека како комитет немале став во врска со протестите на „За заедничка Македонија”.

Прашан дали имал контакт со Спиро и Миле за протестите, сведокот рече, дека немал никаков контакт.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Следното рочиште е закажано за 1 февруари, за кога се повикани повеќе сведоци од одбраната на Спиро Ристовски.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Next Post

Филипче: Набавуваме најсофистицирана терапија за ковид пациенти

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk