ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Бочварски: Почнува реконструкцијата на две улици во Тетово, автопатот кон Гостивар најверојатно со уште една нова делница

January 29, 2021 14:41
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски по денешната средба со градоначалничка на Тетово, Теута Арифи, најави дека за неколку недели започнува долгоочекуваната реконструкција на двете улици „Гоце Делчев“ и „Ѓоце Стојчески“.

Информираше дека првиот тендер за проектот од Светска банка е веќе завршен и потпишани се договорите со изведувачите.

-За улиците „Гоце Делчев“ и „Гоце Стојчевски“ во наредните неколку недели би започнала реализацијата. Пред тоа треба да се направат сите подготвителни чекори и мерки од страна на општината со цел усогласување и продолжување со реконструкцијата на овие две улици. Се работи за две улици од кои едната е 15 милиони денари, а втората 7 милиони денари вредност, рече Бочварски.

Тој информира дека почнува и постапката за реконструкција, проширување и надградба на автопатот Тетово – Гостивар. Годинава можни се проектирања и физибилити студии.

-Моите очекувања се дека наредната година веќе ќе имаме можност и на терен да пробиваме и да работиме на овој автопатски правец. Но, би сакал да најавам дека веројатно ќе се оди по дополнително нова траса. Едниот нов правец којшто ќе биде со цел да не се рушат сите постоечки инфраструктурни проекти што ги имаме на овој патен правец. Другата насока да биде по друга траса, така што на онаа другата траса ќе се изгради правецот од Гостивар кон Тетово, а оваа постоечката да биде од Тетово кон Гостивар. Имаме модерно решение кое ќе биде многу значајно за економскиот развој меѓу општините во западниот дел од државата, изјави Бочварски.

За обиколница за Тетово, рече дека се работи на идејата за клучка кај селото Требош.

-Сакаме да направиме посовремено решение со кое ќе избегнеме тешките товарни возила и моторните возила кои немаат потреба да влегуваат во Тетово, да го заобиколуваат градот преку клучката и да продолжат кон Јажинце.  Тоа е нова клучка и нов пат којшто се проектира и по добивањето на сите проектни документации ќе обезбедиме финансиска конструкција со цел да придонесеме за подобра комуникација во градот, да ги избегнеме гужвите и да им го олесниме животот на граѓаните, порача министерот Бочварски.

 

/МИА/
Next Post

Потребни се обуки за инспекторите

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk