ВМРО-ДПМНЕ го злоупотребува пописот за да има што да прави до локални избори, вели Маричиќ. Најави дека власта нема да се премисли и да потклекне пред неоснованите обвинувања на опозицијата, која е фокусирана на тоа само да измислува и да критикува, наместо некои процеси, како пописот, да ги искористи за конструктивно делување.
Лажна вест се појави на социјалните мрежи за тоа дека Владата за свои лични потреби ќе набави џипови Мерцедес Г-класа вредни 1,5 милиони евра. ,,Владата никогаш не објавила ниту склучила договор за ваква јавна набавка. Податокот е лесно проверлив на веб страната на Бирото за јавни набавки. Станува збор за целосна фотомонтажа”, напиша Портпаролот на Владата на Република Северна Македонија на својот твитер профил.
„Не успеавте со лажни вести, па се обидувате со лажни профили”, напиша на својот твитер профил министерката за одбрана Радмила Шекеринска, откако бил направен лажен профил со нејзино име што објавувал лажни содржини.
Групата „Јавна соба“ во која над 6500 членови споделуваа фотографии, профили од социјални мрежи, лични податоци, адреси и броеви од девојки, синоќа е избришана на социјалната мрежа Телеграм. Во меѓувреме, продолжува истрагата за креаторите на групата, а веќе се приведени четири лица, од кои две од Битола, едно од Велес и едно од Штип.
Враќањето на српскиот јазик во училиштата во РС Македонија ги негира тврдењата дека се раскинати врските со Србија и Русија, изјави Екатерина Захариева. Македонизмот сам по себе е геополитичка идеја создадена од Белград и Москва. додаде.
Тимот на Светската здравствена организација (СЗО) што го истражува потеклото на коронавирусот денеска се состана со кинеските научници, по што ќе следат и посети на лаборатории, пазари и болниците во Вухан.
ФРОНТ:
„Јавна соба“ е само врв на сантата, алармот гори одамна, потребна општествена акција! – пишува Петрит Сарачини
Недоволен, кец – и така трипати! – пишува Сашо Орданоски







