Толпа демонстранти маршира во центарот на Скопје поради незадоволството од барањето на Основното јавно овинителство, на обвинетите во случајот „Монструм“ да бидат осудени со максимална казна поради петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година.
Протестот започна во 13:30 часот од паркот во Чаир, а учесниците носат транспаренти и знамиња.
Во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута. Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.
Случајот „Монструм“ го води судијата Огнен Ставрев, а застапници на обвинението се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.
Следното судско рочиште за случајот „Монструм“ е закажано за 3 февруари, кога одбраната треба да изнесе завршни збоорови.