ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Разрешување на обвинителката Фетаи побараа роднините на обвинетите во „Монструм“

January 29, 2021 16:34
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Погрдни зборови за обвинителката Фатиме Фетаи, скандирање УЧК, барања да се разреши Фетаи и меѓународната заедница да интервенира за да има правда во „Монструм“, каде според демонстрантите, се гонат невини луѓе, беа упатени на денешниот протест за овој случај.

Протестот почна од паркот во Чаир, а пристапот на протестантите до зградата на Јавното обвинителство беше блокиран од силното полициско присуство, па крајната дестинација на демонстрантите беше соседната зграда на Министерството за надворешни работи.

Протестниот марш следува откако во завршните зборови во повторениот судски процес обвинителката, Фатиме Фетаи, остана на обвинението дека во случајот со петкратното убиство кај Смилковско езеро станува збор за тероризам. Ситуацијата на момент ескалираше и можеше да се забележи чад, најверојатно од фрлање димни бомби во правец кон зградите на МНР.  Набргу реагираа организаторите, па демонстрантите се повлекоа и протестот заврши.

Бедри Ајдари од иницијативниот одбор на протестите изјави дека бараат само да се спроведуваат актуелните закони кои важат во нашата земја.

– Знаеме дека правниот систем во Македонија од поодамна е корумпиран и се озборува и во Европа и насекаде. Имаме примедби и од Прибе од сите луѓе кои доаѓаат и ни кажуваат дека не ви работи и не ви чини правниот систем. Не дека мене не ми чини. Значи, ако јас сум само како единец незадоволен тоа не значи дека тоа значи нешто. Апсолутно кога некој ти дава примедби, укази, прецизирања итн. значи дека нешто не е во ред. Сите овие луѓе кои се собраа не дојдоа затоа што јас сум со некакво име или многу познат глумец или нешто друго. Сите тие луѓе веруваат дека тука треба правда и само правда за сите политички монтирани случаи, а знаеме дека не се малку, но знаеме дека не се малку и кај македонската страна и кои луѓе се таргетирани од системот. Јас реков има црна рака која оперира во сите системи, значи тоа е системот на држава кој работи под сенка, рече тој.

Ајдари истакна дека некој наредил да се убијат пет македонски државјани коишто се од македонска националност, за да ги најдат и да ги обвинуваат Албанците за, како што рече тој, да се држи некаков можеби контролиран конфликт.

– Сликата што ја покажав на г. Раде Марковиќ истото се случи во Пеќ ми се чини 1998 година кога тој наредил да се убијат српски деца, самиот е Србин, и да им се припише делото на Албанците. Ме сфаќате? И тука некој наредил да се убијат пет македонски државјани коишто се од македонска националност за да ги најдат после и да ги обвинуваат Албанците, да се држи некаков можеби контролиран конфликт. Значи, за да имаш повод треба да има нешто. Не сме граѓани од пра-прадедо, тука сме од Македонија, не сме имале никогаш проблеми ни со комшии, ни со Македонци, ни со никого. Од нашите семејства не сме едуцирани да убиваме некого, а најмалку да направиме терористички чин, рече Ајдари.

Случајот во јавноста познат како „Монструм“ се однесува на петкратното убиство кај Смилковското езеро на 12 април 2012 година. На лице место беа убиени четири момчиња од македонска националност на возраст од 18 до 21 година од населбата Радишани: Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски и 45 годишниот Борче Стевковски од селото Црешево. Обдукцијата покажа дека во нив е пукано од три типа огнено оружје.

Протестот е поради незадоволството на семејствата на обвинетите во овој случај, откако Обвинителството во завршните зборови на последното судско рочиште побара највисоки казни за петкратното убиство.

Во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута. Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

Случајот „Монструм“ го води судијата Огнен Ставрев, а застапници на обвинението се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.Следното судско рочиште за случајот „Монструм“ е закажано за 3 февруари, кога одбраната треба да изнесе завршни збоорови.

 

/МИА/
Next Post

Гир: Преговорите ќе почнат кога ќе има договор, но нема причина да не се продолжи со реформите

Shortcut

Најново

College students studying and making reports There are touch computers and books in the library for researching.

ПИСА 2025: Три од четири ученици во Северна Македонија под основното ниво во читање

September 9, 2026

Ексдиректорот на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, ѝ се предаде на полицијата

September 9, 2026

Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

September 8, 2026

Првите сто години се најтешки, за потоа – ќе видиме

September 8, 2026

Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

September 7, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk