Континуирано работиме на подобрување на економските политики за зголемување на конкурентноста на деловниот сектор и отворање нови работни места, напиша денеска премиерот Зоран Заев на Фејсбук.
Под слоганот „Учи паметно, работи стручно“, министерката за образование и наука Мила Царовска, претставници од Владата и МОН, градоначалниците и компаниите ќе разговараат за дизајнирањето на наставните програми и уписните политики во средните стручни училишта, информираат од МОН.
„Спремни се листите на здравствени работници и хронично болни кои први ќе се вакцинираат. Последната препорака е да се вакцинираат и луѓето кои биле заболени без разлика дали имаат или немаат антитела. И покрај вакцината, мора да се почитуваат мерките за заштита”, напиша Министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук.
Нови 325 случаи на КОВИД-19 од направени 2.589 тестирања беа евидентирани во вчерашниот билтен на Министерството за здравство. Починаа седум лица, сите во болнички услови, а оздравени се 479 пациенти. Со вакцинација и почитување на мерките до сузбивање на пандемијата со КОВИД-19, апелираат надлежните.
Левица веќе не е двојазична на својот Фејсбук профил, што и не е некое изненадување, имајќи ја предвид нивната ултранационалистичка ориентација. Тоа го забележа активистот Петрит Сарачини во својот твит во кој пишува: Конечно логичен чекор: Левица го тргна алб. „Е majta“ од името на ФБ пејџот. Има „правдање“, не било од национализам, ФБ така барал за да ги „верифицира“. А они, ко јаки борци против корпорации, естаблишмент и цензорот Цукерберг, одма прифатиле!
Северна Македонија е суверена држава и повеќе не треба да се вознемирува или командува, ова во интервју за Бугарското национално радио (БНР) го изјави поранешниот амбасадор на САД во Бугарија, Џејмс Пердју, кој е и еден од посредувачите во разговорите за Охридскиот договор.
„Убеден сум дека многу наскоро владите на Бугарија и Северна Македонија ќе му свртат грб на национализмот и ќе се ангажираат во конструктивни преговори, бидејќи ѕидовите немаат место во нашите односи”, смета Европратеникот од ДПС/Обнови Европа Илхан Ќучук по остварената средба со Бучковски во Софија.
Во САД надмината бројката од 26 милиони случаи, јужноафриканска ковид-варијанта во Мериленд, нови ограничувања во транспортот, учениците и вирусот…