ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Освен стрелањето, Левица го оправдува и сексуалното насилство?

February 1, 2021 08:41
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

коментира: ЏАБИР ДЕРАЛА

Петтата на листата на кандидат(к)и (Изборна единица 3) за пратеници во македонскиот парламент за ултрадесничарската Левица, Жаклина Свеќаровска, според една објава на Фејсбук, на која има и скриншот, коментира:

„А што ако момчето било толку пијано, па не сконтало дали му рекла да или не? Од каде претпоставката дека тој мора да сочува студена глава дури и кога таа не знае каде ѝ е главата?“

 

Дали е можно? Добро ли читаме? Оваа кандидатка за фотелја во македонскиот законодавен дом, според наведеното, го оправдува сексуалното насилство, силувањето – директно и отворено! Навистина, дали е можно? Дали погрешиме ако заклучиме дека овој партиски „крем“ го одразува ставот на партијата? Дали партијата ќе излезе со официјален став по ова прашање во парламентот? Се разбира, откако ќе се задоволат сите финансиски апетити на нивниот шеф за кого некои автори го креираа и хаштагот #ЛеваРукаДесниЏеб?

На голем број прашања, исто како и нивните поголеми и побогати браќа и сестри во опозицијата, така и портпаролите и функционерите на оваа партија не одговориле на ниедно прашање до сега. Тоа не им пречи на функционерите на оваа (со лажен назив) и на неколку други партии, вклучувајќи ја и нивната голема, зла и богата сестра, секој ден да се занимаваат со нас, служејќи се со екстремен говор на омразата.

Дали ќе одговорат сега? Или мислат дека не мора да одговорат, бидејќи одговорот се подразбира? Секако, за очекување е дека и за ова, како и за сè друго, ќе одмолчат. Поточно, ќе „одговорат“ на веќе познатиот начин, со здодевни тиради по нивните портали и со постови на социјалните мрежи, сето тоа полно со говор на омраза, лаги и клевети.

И ќе продолжат да ги заобиколуваат прашањата на само ним својствен начин – плитко, со валкан јазик. Нивните неславни постапки и ставови, омразата и повиците на екстремно насилство, изречени во јавноста се, всушност, нивното политичко оружје.

Секој ден се будат и заспиваат со мислата како да навредат и како да напакостат. И се разбира, дебело да наплатат од парите на граѓанките и граѓаните.

Катастрофа се луѓево.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.
Next Post

Во Маврово најстудено и најмногу дожд, на Шапка половина метар снег

НАЈНОВО

Фотомонтажа Фронтлајн и Анаис

ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

November 1, 2025
Фото: МВР Србија

Една година од трагедијата во Нови Сад: Со 16-минутна тишина оддадена почит на загинатите

November 1, 2025

„Јон Вардар против Галаксијата“ со белгиска премиера во Бриж

November 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Генерирано со ВИ

    Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kога вештачката интелигенција станува режисер: Видео револуцијата со Sora и Gemini

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk