На иницијатива на пратеникот Зеќир Рамчиловиќ, претседател на Пратеничката група за соработка со Парламентот на Босна и Херцеговина, во Собранието на Република Северна Македонија, се одржа работна средба со претседателите на невладините организации од бошњачката заедница, известуваат собраниските служби.
На состанокот присуствуваа активни невладини организации: Шадрван, Форум на Бошњаците, Еду-Ниса, Диван, Бошњачка културна заедница, Лилиум Босниакум, Диванхана и Љиљан, освен БНВ.
На состанокот присуствуваше и заменик-директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ), Џелал Хоџиќ,
Покрај другите прашања значајни за бошњачката заедница, главна тема на состанокот беше и пописот на населението, становите и домаќинствата во април 2021. Пратеникот Рамчиловиќ ги информираше присутните за носењето на законот, досегашните постапки на институциите и состанокот со директорот на ДЗС, Апостол Симовски.
Од страна на присутните беше потенцирано значењето на пописот на населението за развојот на нашата држава. Беше изнесен заклучок со кој Бошњаците го подржуваат овој процес, во кој како помалкубројна заедница транспарентно и активно ќе се вклучат.
„Ме радува фактот што најголем дел од бошњачките организации покажаа дека се општествено одговорни, а со своето присуство и активно учество направија исчекор во кој заедно ќе соработуваат за одвивање на кредибилен и успешен процес во којшто максимално ќе ја имаат мојата поддршка” – истакна пратеникот Рамчиловиќ.
На состанок беше формирано Координативно тело на Бошњаците за Попис 2021, составено од невладините организации, кое започнува со своите активности.
J. Ѓ.