ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Пациентите да не патуваат во странство, воведена имуномодуларна терапија на Хематологија

February 3, 2021 19:07
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за здравство вложува и се залага да им овозможи на пациентите, во државата, модерни и современи терапии за лекување и на најкомплексни случаи, за што претходно биле испраќани на лекување во странство.

На Универзитетската Клиника за хематологија воведена е нова метода за лекување пациенти со имуномодуларна терапија. Ова е уште еден исчекор во модернизирање на лекувањето на пацинетите на оваа Клиника, но и инвестиција во квалитетен здравствен систем за граѓаните. За овој начин на лекување нашите пациенти претходно одеа да се лекуваат надвор од нашата земја, а фотоферезната имунолошка клеточна терапија популарно наречена фотофереза од сега им е достапна на Клиниката за хематологија. Станува збор за специјална машина во која дел од крвта на пациентот се тертира со специјален фотосензитивачки лек и потоа се изложува на специфична светлосна комора во која се активира. Крвта потоа се враќа назад и делува во организмот.

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, денеска беше во посета на пациент врз кој се вршеше оваа терапија, а новата метода на лекување ја спроведува стручен тим на Клиниката, предводен од директорката на Хематологија д-р Ирина Пановска Ставридис.

За усовршување на овој начин на лекување со медицинскиот тим на Хематологија работи едукатор од Германија.

Имуномодулаторна терапија, нуди надеж за болните кои страдаат од Т-клеточни лимфоми, пациенти кои развиваат акутна или хронична форма на болеста GVHD, за лекување определени имунолошки болести и состојби како системска склероза, кронова болест. Со фото-имуната терапија се тертираат и пациенти после трансплатација на солидни органи – срце и бели дробови, во случаи кај кои телото го отфрла органот. Клиниката за хематологија, освен во третманот на пацинети вложува и во едукација и усовршување на својот медицински персонал, од следниот месец медицински тимови од оваа Клиника ќе одат во Загреб, на едукација и усовршување на нови методи на лекување.

Министерството за здравство гради модерен здравствен систем за сите, за Клиниката за хематологија, минатата година, обезбеди  апарат за крио презервација, односно за смрзнување на крвни матични клетки.

Next Post

Родилка од Центар Жупа се породи во возило на струшката Брза помош

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk