ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА СТРАНА

Загадување на воздухот и Ковид-19 на Западен Балкан: Несреќата никогаш не доаѓа сама

February 4, 2021 12:57
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА СТРАНА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

European Fund for the Balkans и AirCare/МојВоздух започнаа кампања „Обединет Балкан за чист воздух“.  Како дел од кампањата на секоои 2 недели ќе се објавуваат теми околку ефектот на аерозагадувањето и некој сектор од секојдневниот живот, со цел зголемување на јавната свест околу последиците од загадувањето, посебно на долг рок.

Камањата ја стартуваа со темата врската помеѓу аерозгадувањето и КОВИД-19:

„Лошиот квалитет на воздухот е еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат земјите од Западен Балкан. Аерозагадувањето и пандемијата КОВИД-19 придонесоа за зголемување на смртноста во овој регион. Кампањата „Обединет Балкан за чист воздух“ ги повикува надлежните институции во земјите од Западен Балкан и нивните граѓани да преземат заеднички активности што ќе помогнат да се подобри квалитетот на воздухот и да се намалат стапките на смртност поврзана со КОВИД-19.

ПМ честичките и SARS-CoV-2 влијаат негативно на истите клетки и клеточни компоненти, поради што заразените лица изложени на загадување на воздухот се под влијание на дополнително влошување на дишењето како одговор на присуството на SARS-CoV-2. Ова предизвикува потешки форми на КОВИД-19, како и повисоки стапки на смртност.

Долготрајната изложеност на штетни емисии го зголемува ризикот од заразување со акутни и хронични заболувања, главно оние кои влијаат на респираторниот систем. Поради неговото намаленото функционирање, стануваме повеќе склони кон вирусни инфекции, вклучително и онаа предизвикана од коронавирусот (SARS-CoV-2).

Бројот на докази и научни студии за корелацијата помеѓу загадувањето на воздухот и КОВИД-19 расте, но сè уште се предмет на одредени ограничувања што треба да се земат предвид, особено фактот дека не е спроведена релевантна студија во врска со Западен Балкан. Потребни ни се еколошки и епидемиолошки студии за врските помеѓу загадувањето на воздухот и КОВИД-19 на Западен Балкан. Тие треба да бидат испланирани и спроведени прецизно, за да се овозможат соодветни заклучоци и препораки за мерките.

Досега истражувањето покажува дека загадувањето на воздухот предизвикува зголемена смртност од КОВИД-19 – глобално за 15%, а за 19% во Европа. Покрај тоа, утврдено е дека 1 микрограм на метар кубен зголемување на концентрацијата на ПМ честички, ја зголемува смртноста на КОВИД-19 за 11%.

Кревкоста на здравствените системи во земјите од Западен Балкан дополнително се обелоденува кога проблемот со загадувањето на воздухот се вкрстува со пандемијата. Во болниците низ целиот регион, достапноста медицинска опрема и болнички кревети е несоодветна, и со години се соочуваме со миграција на здравствените работници, како и дефицитарен број на персонал кој работи во единиците за интензивна нега.

Со кампањата „Обединет Балкан за чист воздух“, ние бараме од носителите на одлуки да го зголемат нивото на учество на претставниците на здравствениот сектор во процесите на донесување одлуки, за да се обезбеди навремена интеграција на мерките за здравствена заштита во политиките кои се фокусираат на заштитата на животната средина. Покрај тоа, потребно е да се подобри ефикасноста на спроведувањето на законите и донесувањето одлуки во областа на заштитата на животната средина, со цел да се добијат поголеми здравствени и економски придобивки за сите граѓани.

Ние веруваме дека е потребно да се интегрираат мерките за подобрување на квалитетот на воздухот во јавните политики и плановите за справување со КОВИД-19, во согласност со заложбите содржани во Зелената агенда за Западен Балкан, која беше усвоена од сите држави“, се вели во соопштението на МојВоздух. /Green Civil/

Next Post

Кривични пријави за 14 учесници на протестот за „Монструм“

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk